Вчерашните вести донесоа изненадување, откривајќи дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед не се задоволни од начинот на кој Рубен Аморим ја води екипата.
Со оглед на актуелната ситуација, се чини дека деновите на Аморим на „Олд Трафорд“ се избројани, а според англиските медиуми, веќе има двајца стратези кои се сметаат за потенцијални наследници.
Претходно оваа недела, „Дејли Мејл“ излезе со информации дека одредени играчи на Манчестер Јунајтед имаат сериозни дилеми околу тактичкиот пристап на португалскиот тренер, а според шпанскиот „Фихајес“, веќе се разгледуваат опции за негова замена.
Со оглед на тоа дека клубот мора да донесе важни одлуки пред наредната сезона, клучното прашање е дали Аморим ќе остане на својата позиција или е време за ново тренерско лице на клупата.
Според шпанските и англиските медиуми, три имиња се издвојуваат како можни кандидати – Зинедин Зидан, Томас Тухел и Маурисио Покетино. Доколку овие шпекулации се покажат како точни, Манчестер Јунајтед ќе се соочи со нова ера на стручниот штаб.




