БЕАМ Фестивалот ги објави финалистите за 2024

БЕАМ Фестивалот ги објави финалистите за 2024

Фестивалот БЕАМ, единствената платформа во Македонија која наградува извонредни настани и ги истакнува најуспешните проекти во индустријата за настани, ги објави финалистите за 2024 година. Оваа година пристигнаа бројни квалитетни и иновативни проекти, како и професионално реализирани настани што го одразуваат динамичниот развој на индустријата.

Финалистите се распоредени во десет категории, кои опфаќаат различни сегменти – од културни и културно-забавни настани до корпоративни случувања и иновативни проекти.

Фестивалот БЕАМ продолжува да биде еден од најважните настани во македонската индустрија за организирање настани, промовирајќи високи стандарди и нагласувајќи ги проектите што придонесуваат кон нејзиниот раст. Оваа година, интересот за учество бил поголем од претходно, што сведочи за квалитетот и професионализмот на организаторите и учесниците.

Прочитајте и:  „Неми слики – жива музика“ – единствен концерт на гудачки квартет и нем филм во Дебар

Покрај најавените финалисти, во текот на фестивалот се очекува и серија панел дискусии и предавања од експерти во областа, кои ќе ги споделат своите искуства и визии за иднината на индустријата за настани.