Задачата на Жерновски – да го преработи бугарскиот наратив, да се продава за позиција и да го загрози македонскиот идентитет.

Откако се повлече од политичката сцена и по бројните неуспешни обиди, од кои најзначаен беше оној за градоначалничката фотелја, Андреј Жерновски денес се врати во јавноста. Неговото враќање не е резултат на повик од народот, туку е одговор на задачата која му е зададена според информациите од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција на партијата за ставовите на Жерновски:

Како типичен послушник, Жерновски повторно влезе во контекстот на бугарската оптика за Македонија. Иако можеби не му е тешко, се чини дека верува дека му оди од рака. Не е тајна чие внуче е, ниту што значел неговиот дедо, кој бил бугарски кмет на Бугарите во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ поставува неколку прашања до Жерновски:

  1. Како токму неговиот дедо се изјаснил кога станал кмет: како Македонец или Бугарин?

  2. Дали во бугарските архиви фамилијата Жерновски е прикажана како соработничка структура на Бугарија во Македонија?

  3. Дали на семејните веселби на малечкиот Андреј се пееле песни како „Минаха години“ и „Целувките на Ана“, и како ги доживува денес?

  4. Дали неговото глумење дека Србите му се поблиски од Бугарите е дел од некоја стратегија во СДС, со цел да ја преземе позицијата на Филипче?

  5. Дали постои конфликт меѓу него и менторите на Филипче во контекст на врските со Бугарија, и дали тоа е причина за актуелната медиумска борба?

  6. Што мисли за богатството на Венко Филипче и за наводните зделки со рекетирање, при што парите завршувале на сметки на бугарски компании блиски до Зоран Заев?

  7. Дали го одобрува тоа, и ако не, зошто молчи?

  8. И на крај: дали се уште чувствува страв кога ќе ја слушне песната „Еделвајс“, како што наводно признал пред блиски пријатели?
Прочитајте и:  ТИТАН УСЈЕ: Емисиите секогаш во рамките на законските гранични вредности

ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи пред оние кои сакаат да ја валкаат македонската историја и да ги релативизираат нашите херои, претворајќи ја Македонија во полигон за странски геополитички интереси.

Одговорот е јасен – не успевате!

Македонскиот народ ве веќе препозна, а политичката кариера на Жерновски ќе остане како пример за тоа како не се гради доверба, особено кога човекот не поседува интегритет, став или достоинство.