Канје Вест доби закана за објава на порно видео

Канје Вест доби закана за објава на порно видео

Кевин Блат, долгогодишен менаџер во порно индустријата, ја крена јавноста на нозе со заканите дека ќе објави експлицитна снимка од Канје Вест, наводно снимена во 2012 година. Според неговите тврдења, снимката вреди 250.000 долари, а Блат решил да ја изнесе во јавност откако раперот предизвика контроверзии со серија антисемитски изјави.

„Се сеќавате на таа секс снимка од 2012 година со девојката од Лас Вегас што ја спречив да биде објавена? Овој Евреин не заборави на тоа што го направи, како и на фактот дека имаше ужасен секс и беше на екстази“, напиша тој на Инстаграм, додавајќи саркастичен коментар насочен кон Канје.

Блат стекна слава како посредник при објавувањето на познатото порно видео на Парис Хилтон „1 ноќ во Париз“ во 2003 година, а неговото име често се поврзува со скандали од ваков тип.

Прочитајте и:  Закани и уништени возила во тетовско село, полицијата го бара сторителот.

Новинарите на Њујорк Пост стапиле во контакт со тимот на Канје Вест, кој ги негирал обвинувањата на Блат, нарекувајќи ги „апсолутни глупости“.

Она што е интересно е дека Канје веќе има спомнато можност за постоење на ваква снимка. Во текстот на неговата песна „Вистински пријатели“ од 2016 година, тој откри дека негов братучед му украл лаптоп на кој имало приватна содржина.

„Братучедот ми го украде лаптопот на кој имаше снимка како се ебам. Му платив 25.000 долари за да ја вратам. Вистинските пријатели се читаат?“

Во меѓувреме, Канје продолжува да предизвикува контроверзии на социјалните мрежи, а јавноста внимателно ги следи сите случувања поврзани со скандалот.