Ливерпул му нуди размена на Њукасл

Ливерпул му нуди размена на Њукасл

Њукасл постави висока откупна сума за нивниот напаѓач Александар Исак, а Ливерпул е подготвен да понуди размена на играчи.

Голем број европски гиганти, како Арсенал, Челзи и ПСЖ, веќе подолго време го следат Исак, а сега во трката за неговите услуги се приклучи и Ливерпул.

Шведскиот напаѓач пристигна во Њукасл во летото 2022 година за 75 милиони евра,но клубот сега бара двојно поголема сума за да се согласи на трансфер.

Ливерпул е подготвен да го вклучи Дарвин Нуњез во зделката, заедно со дополнителна парична компензација, со цел да го обезбеди трансферот на Исак.