Милан Стојановски поднесе оставка од тренерската позиција во Пелистер

По денешниот пораз на Пелистер од Струга Трим Лум (0-2) на домашен терен, Милан Стојановски ја поднесе својата оставка од позицијата шеф на стручниот штаб, а клубот ја прифати.

„Како шеф на стручниот штаб, целосно ги преземам последиците за резултатите во пролетниот дел од сезоната и одлучив да се повлечам од функцијата.

Искрено се заблагодарувам на клубот за довербата, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот напор и залагање, како и на навивачите за нивната постојана поддршка. Посебна благодарност до градот Битола, кој секогаш е тука за својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу успех во продолжение на сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави Милан Стојановски.

Прочитајте и:  Хосе Луис Чилаверт – голманот кој постигнуваше голови, ја нападна Роберто Карлос и се соочи со закани од нарко-картелот.