Кени Хилсоп, тапанарот на популарната рок група „Симпл Мајндс“, почина на 74-годишна возраст.
Причината за смртта на Кени уште не е позната, но се соопштува дека музичарот бил болен подолго време.
По тажната вест, социјалните мрежи се „преплавија“ со коментари на луѓето кои се збогуваа со тапанарот.
-Тажно. Разговарав со Кени многу преку мрежата во последните неколку години. Го запознав пред 40 години, тој беше „пеколен“ тапанар, напишал еден од големите обожаватели на тапанарот, а потоа друг напишал:
– Му испратив порака пред еден месец, ми кажа дека лекувањето оди добро. Не е фер, напишал друг фан.