Пропадна спојувањето помеѓу Honda и Nissan

Пропадна спојувањето помеѓу Honda и Nissan

Спојувањето на автомобилските гиганти Honda и Nissan, кое требаше да создаде една од најголемите автомобилски корпорации во светот, сепак нема да се реализира. Оваа можност првично беше објавена во неофицијални извештаи, а подоцна беше потврдена во декември минатата година.

Првичниот план предвидуваше формирање на заедничка холдинг-компанија, која ќе ги обедини двете јапонски компании со цел да создаде посилен пазарен конкурент во автомобилската индустрија. Со оваа соработка,тие се надеваа на намалување на трошоците за истражување и развој,особено во областа на електричните возила и автономните технологии.

Иако двете компании официјално ги потврдија разговорите, сепак, до конкретно спојување нема да дојде. Причините за пропаѓањето на договорот не се целосно објавени, но според неофицијални информации, различните бизнис-стратегии и корпоративни култури на двата производители одиграле клучна улога во стопирањето на планот.

Во меѓувреме, Nissan продолжува со својата независна стратегија за електрификација, додека Honda најави засилени инвестиции во хибридни и целосно електрични модели во наредните години. И покрај неуспехот на спојувањето, двете компании ќе останат значајни играчи во индустријата, со потенцијални можности за соработка на одредени технологии и проекти во иднина.