РК Алкалоид прв финалист на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид


Екипата на Алкалоид го совлада Ловќен со 34:30 (18:15) и обезбеди пласман во финалето на третото издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во Охрид.

Алкалоид имаше водство во текот на целиот натпревар и не дозволи противникот да го загрози посериуозно во ниту еден момент од мечот.

За најкорисен играч прогласен беше Александар Петковски од Алкалоид кој натпреварот го заврши со 5 гола

- Реклама -