„Црквата „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Господ Исус Христос или како Алах…всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов“, посочи директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,Оливера Трајковска, на вечерашното отворање на Музејот нахристијанско и исламско културно наследство во Битола.
Според Трајковска, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.
“Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи“, рече Трајковска.
Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.
-Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски. Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија