Со својот 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, Galaxy Z Fold7 е многу повеќе од само мобилен телефон. Тој е вашиот работен центар, кој ви овозможува извонредно мултитаскинг искуство, со можност за обработка на повеќе апликации истовремено. Независно дали управувате со финансии, водите состаноци или координирате тимови, овој уред е дизајниран да го поддржи вашиот напреден начин на работа, да ви помогне во брзите одлуки и да биде подготвен за сите предизвици, со цел да ги постигнете резултатите што значат успех.
Galaxy Z Fold7 е опремен со моќен процесор кој поддржува висока продуктивност. Брз и ефикасен, тој ви овозможува лесно скролување, стриминг и истовремено работење со повеќе апликации, додека вашите податоци остануваат безбедни. Со Samsung Knox, вашите важни информации се заштитени, давајќи ви слобода да се фокусирате на клучните одлуки кои ве водат кон нови височини.
Перформансите на камерите на Galaxy Z Fold7 се уште еден аспект што го прави идеален за професионалците и креативците. Со главната камера од 50 MP, подготвена да фати и најситни детали, ќе можете да создадете фотографии со впечатлива јасност и реалистичност. За совршени селфија или видеа, предната камера од 10 MP и FlexCam функционалноста ви овозможуваат да снимате од секакви агли, без потреба од држач, нудејќи ви целосна слобода за изразување. 
Galaxy Z Fold7 не е само уред за работа; тој е за професионалци кои сакаат да бидат чекор пред другите и да носат одлуки кои го менуваат текот на работите. Неговиот висококвалитетен дизајн е создаден за оние кои работат на големи идеи и проекти, и секогаш се стремат кон нови достигнувања. Овој телефон е вашиот сојузник во патувањето кон големи успеси. За да ја почувствувате вистинската сила на Galaxy екосистемот, ви го предлагаме и новиот паметен часовник Galaxy Watch8 Classic, чија иновативна технологија ќе ја подобри вашата физичка и ментална благосостојба.

Galaxy Watch8 Classic: Безвременска синергија на стил и технологија
За оние кои ценат безвременскиот стил, но не сакаат да прават компромис со најновата технологија, Galaxy Watch8 Classic нуди идеален баланс. Со класичен дизајн и препознатливата ротирачка коронка, овој паметен часовник не само што изгледа елегантно, туку и овозможува врвна функционалност. На вашиот зглоб, веднаш имате пристап до известувања, повици, календар, Samsung Pay и многу други функции, додека интегрираниот AI тренер ви помага да го постигнете идеалниот баланс помеѓу професионалниот и личниот живот.
Но тоа не е сè – напредните здравствени функции, вклучувајќи биоактивни сензори и мерачи за гликоза, работат и во текот на ноќта, нудејќи детална анализа на вашето здравје. Со Galaxy Watch8 Classic, секој момент може да биде шанса за постигнување на вашиот врв, како во професионалниот, така и во личниот живот.
Совршено поврзување секој ден

Најголемата сила лежи во синергијата помеѓу поврзаните уреди во вашиот дом. Не станува збор само за естетски и функционален спој на Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic. Со SmartThings, можете од екранот на вашиот Galaxy телефон да управувате со телевизорот, да ги следите програмите за перење на вашата машина, да ја подготвите вечерата и многу повеќе, се одвивајќи од далечина.
Сѐ уште имате дилеми? Пробajte ги функционалностите веднаш на вашиот телефон, благодарение на апликацијата Try Galaxy, која ви овозможува да го искусите Galaxy AI искуството и да бидете убедени дека Galaxy Z Fold7 е вистинскиот избор за вас.
Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic се ваши партнери во подобрувањето на секој аспект од вашиот живот, од продуктивноста до личната грижа. Со овие иновации, имате сè што ви е потребно за постигнување на успех без компромиси со стилот или функционалноста.
Комерцијален текст




