Барате брз и лесен десерт? Имаме одличен предлог за вас! Овој кремаст колач со банани е идеален кога ви треба нешто сладоко, а немате многу време за подготовка.
СОСТОЈКИ:
- 150 гр бисквити (или пишкоти)
- 2 пудинга од ванила
- 100 гр шеќер (по желба може и помалку)
- 600 мл млеко
- 50 гр путер или маргарин
- 2 лажици кисела павлака
- 4 банани (или други овошја по избор)
- 200 гр шлаг или слатка павлака
ПОДГОТОВКА:
- Пудингот сварете го со шеќерот и млекото според упатството на пакувањето. Додајте го путерот и мешајте додека се растопи.
- Оставете малку да се излади, а потоа додадете кисела павлака и добро промешајте.
- На дното на сад наредете бисквити, па преку нив распоредете исечкани банани.
- Врз бананите прелијте го пудингот и израмнете.
- Оставете во фрижидер да се стегне, а потоа декорирајте со изматен шлаг или слатка павлака.
- Пред послужување, може да го наросите со рендано чоколадо или ореви за дополнителен вкус.
ОВОШНАТА АЛТЕРНАТИВА: Ако немате банани,овој десерт можете да го подготвите и со јагоди,малини или манго – комбинацијата ќе биде подеднакво вкусна!
Совет: Доколку сакате похрскава варијанта,можете да ги потопите бисквитите во малку млеко или кафе пред да ги наредите.
Овој едноставен десерт е вистински спас кога ви доаѓаат гости или сакате брзо да се засладите.
Во моментот, многу популарни се брзите десерти кои не бараат печење, а токму овој рецепт е од тие кои ќе ве воодушеват со својот вкус и лесна подготовка.




