Успешно усвоивме два важни закони во соработка со Владата: еден за ваучери од 250 евра за студенти за купување технолошки уреди, а другиот за зголемување на пензиите за 2000 денари.

На денешната трибина во општина Кичево, посветена на темата „Образование и социјална политика, изградба на темелите на промените“, се обрати Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание. Тој истакна дека реформите се спроведуваат во сите сфери на општествениот живот и се воведуваат закони од клучно значење за граѓаните. Младите добиваат ваучери за електронски уреди, а пензионерите се радуваат на покачување на пензиите кое ќе им овозможи достоен живот.

На почетокот на трибината, Сајкоски ги нагласи достигнувањата на Владата во краток временски период и потврди дека Собранието игра клучна улога во реформските процеси заедно со Владата.

„Денеска имавме два значајни настани, усвоени се два важни закони. Првиот закон е Законот за ваучери, со кој што сите студенти, без разлика на универзитетот, добиваат по 250 евра за технолошки уреди. Со ова сакаме да им осигуриме еднаков третман и можност да учествуваат во технолошките промени, како и активно да се вклучат во градењето на нашата држава“, изјави Сајкоски.

Тој, исто така, најави закон за покачување на пензиите на пензионерите за 2000 денари, наменет да им овозможи безгрижно поминување на пензионерските денови. Сајкоски истакна дека во минатото ниту една владејачка структура не успеала да ги постигне овие цели.

„За период од една година и шест месеци, или можеби седум, пензионерите ќе добијат дополнителни 7000 денари, што ќе им овозможи да уживаат во времето со внуците и семејството“, додаде тој.

Во делот за образованието и социјалната политика, Сајкоски истакна дека се реновираат студентските домови и се градат градинки за најмладите.

„Во изминатиот период започнаа со работа девет градинки, три сè уште се во изградба, а до крајот на годината ќе имаме заокружно 11 нови градинки. Ова е направено за да нема листа на чекање и секое дете да може да биде сместено без грижи. Се започна со важен проект за студентите, а до крајот на годината два многу лошо состојбени студентски домови ќе бидат обновени, што ќе им овозможи на студентите да се сместат во подобри услови“, изјави тој.