Џон Просер откри нов можен дизајн за iPhone 17 Pro

Џон Просер откри нов можен дизајн за iPhone 17 Pro

Ако ги земеме предвид бројните гласини кои кружат во последно време,можно е Apple да направи промена во дизајнот на iPhone 17 Pro,барем кога станува збор за задниот панел. Ова би бил прв позначаен редизајн после неколку години, но сепак нема да биде драстичен.

Според информациите кои ги сподели познатиот инсајдер Џон Просер, задните камери на телефонот би можеле да бидат поставени во хоризонтална линија, наместо традиционалното триаголно позиционирање. Под камерите се очекува да биде сместен нов модул, чии детали сè уште не се откриени. Оваа промена би можела да биде поврзана со подобрена функција за снимање или нови сензори.

Дополнително, се шпекулира дека apple работи на потенцијални унапредувања во завршницата на задниот панел, можеби со нови материјали кои ќе ја намалат видливоста на отпечатоците и гребнатините. Некои извори укажуваат дека компанијата тестира и поиздржлив титански дизајн, сличен на оној кај iPhone 15 Pro.

Овие информации се засега непотврдени,но судејќи според досегашните извори,голема е веројатноста дека iPhone 17 Pro ќе донесе свежи промени во дизајнот.Очекуваме повеќе детали во наредните месеци кога ќе излезат дополнителни информации или прототипи.