Адел најави дека се повлекува од светот на музиката, па откри со што ќе се занимава понатаму

Пејачката Адел неодамна ги шокираше обожавателите кога објави дека ќе направи „неверојатно долга“ пауза од музиката. На почетокот на септември ги заврши концертите во Минхен, а има уште концерти во Лас Вегас, по што извесно време не планира да се занимава со музика. Сепак, пејачката има големи планови за кариерата во иднина, кои не се поврзани со музиката. Како што пренесува Daily Mail, Адел би можела да почне да глуми. “Адел повеќе од една година зема интензивни часови по глума од врвен холивудски тренер. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе”, рекол изворот. Изворот исто така тврди дека Адел му рекла на својот тим да ја пренесе веста до големите филмски студија и продуценти дека е подготвена за голема промена во нејзината кариера. Наводно веќе се водат разговори за потенцијални проекти за неа. „Еден високо позициониран холивудски извор ја советуваше да оди на курс за дијалект, ако веќе не го сторила тоа, бидејќи нејзиниот природен, кокни акцент ќе ги ограничи нејзините улоги“, рече тој. Друг извор додаде дека Адел на крајот ќе му се врати на пеењето и дека сите ќе дознаат за тоа на време. Се зборува и дека нејзиното големо враќање би можело да биде за време на Суперболот.
Извор