На 27 септември, на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20:00 часот, ќе се изведе балетот „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, но во една сосема неочекувана и модерна верзија. Кореографот Александар Илиќ, гостин од Србија, ја пренесува оваа позната бајка во ерата на 70-тите години од минатиот век, инспириран од филмот „Брилијантин“ и култната улога на Џон Траволта.