Рок музичарот Џон Бон Џови е фатен на камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се симне од работ на мостот во Нешвил.
Американскиот пејач наводно снимал спот за песната на неговиот бенд „The People’s House“ на пешачки мост кога забележал жена од другата страна на оградата.
На снимката од надзорните камери што ги сподели локалната полиција, фронтменот Бон Џови може да се види како приоѓа на вознемирена жена со член на неговата екипа. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што и помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ja прегрна и стоеја така околу една минута, пред заедно да одат по мостот.