Утре со почеток во 20 часот, на платото на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм The Hip-Brainstorm во режија на Јане Алтипармаков, со оригинална идеја на Љубиша Петрушевски, камера на Наташа Гелева и Ања Илиева.
Модератор на настанот е Tina Rist.
Ова е последен настан од јулската програма на ГигаФест. Фестивалот продолжува во август со нови содржини кои наскоро ќе бидат објавени.