Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47. издание на фестивалот „Денови на македонската музика”. На програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар” од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)” од Дамјан Темков, а премерно ќе бидат изведени и делата „Дијада” бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance” од Бојана Петровиќ Алексова. Диригент е маестро Томас Херцог од Швајцарија.