Во натпреварот од второт коло од групата А на Лигата на нации на УЕФА, Франција во Лион ја совлада Белгија со 2:0, додека Италија на неутрален терен во Унгарија го совлада Израел со 2:1.
Французите пред неколку дена го претрпеа непријатниот домашен пораз од Италија, а со головите на Рандал Коло Муани (26) и Усман Дембеле (57) ги совладаа Белгијците во голема борба за опстанок во елитната група. Мбапе и Гризман не го започнаа мечот за Французите.
Италија е прва во групата со шест бодови, Франција и Белгија имаат по три, а Израел нема бодови. Во следното коло Франција гостува во Унгарија кај Израел, додека Италија ќе ја пречека Белгија.
Во Будимпешта Италијанците го совладаа Израел со 2:1 и ја постигнаа втората победа во групата. Победата на Италијанците им ја донесоа Давиде Фратези (38) и Моис Кин (62), а Абу Фани (90) со проектил од далечина постигна почесен гол за Израелците.
Во Лигата Б Словенија во Љубљана го победи Казахстан со 3:0 со трите гола на Бенјамин Шешко, додека во истата група во Осло Норвешка ја победи Австрија со 2:1 благодарејќи на погодокот на Ерлинг Халанд во 80. минута. Црна Гора прими два гола во првите три минути од Велшаните во Подгорица и загуби со 1:2, додека Турција на домашен терен го совлада Исланд со 3:1.
Група А2:
Франција – Белгија 2:0 (1:0)
Израел – Италија 1:2 (0:1)
Италија 2 2 0 0 5:2 6
Белгија 2 1 0 1 3:3 3
Франција 2 1 0 1 3:3 3
Израел 2 0 0 2 2:5 0
Група Б3:
Норвешка – Австрија 2:1 (1:1)
Словенија – Казахстан 3:0 (2:0)
Словенија 2 1 1 0 4:1 4
Норвешка 2 1 1 0 2:1 4
Австрија 2 0 1 1 2:3 1
Казахстан 2 0 1 1 0:3 1
Ггрупа Б4:
Црна Гора – Велс 1:2 (0:2)
Турција – Исланд 3:1 (1:1)
Турција 2 1 1 0 3:1 4
Велс 2 1 1 0 2:1 4
Исланд 2 1 0 1 3:3 3
Црна Гора 2 0 0 2 1:4 0
Група C2:
Кипар – Косово 0:4 (0:2)
Романија – Литванија 3:1 (1:1)
Романија 2 2 0 0 6:1 6
Косово 2 1 0 1 4:3 3
Кипар 2 1 0 1 1:4 3
Литванија 2 0 0 2 1:4