Поетроника е иновативен уметнички проект кој содржи креативен избор на дела од македонската поетска креативност поставени во современ музички контекст, попрецизно во електронска музичка форма. Станува збор за нашето автентично поетско творештво, кое хронолошки ги вклучува поетите од првата генерација по Втората светска војна, сè до некои од денешните современи македонски автори.
Стиховите на ова конкретно дело се компилација од песните на Игор Исаковски: „Мило сонце“, „Залегнат врз стихови“ и „Смислата на една ноќ“.
Поетроника се разликува од сите претходни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се обидува да избегне стереотипи за тоа како се интерпретира и која музичка форма одговара на поетскиот израз.
Андреја Салпе, еден од нашите драгоцени музички таленти, течно комбинира електронска музика со џез, амбиент и инструментализација. Врз музичката подлога на Салпе, интерпретацијата на Оливер Митковски, истакнат македонски актер, прави сè да звучи апсолутно точно, прецизно, но сепак со голема доза емоции.
Поетроника ја испорачува вистинската атмосфера во вистинското време – иновативно, медитативно, танцувачкоо и конечно, многу многу кул дело.