Гувернерот на Флорида предупреди дека бројот на загинати се очекува да биде поголем
Најмалку 12 лица загинаа како последица на ураганот Милтон што ја погоди американската сојузна држава Флорида, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на извештаите на локалните власти.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис предупреди дека вкупниот број на загинати се очекува да биде поголем.
Во меѓувреме, Националната гарда на Флорида и дополнителни спасувачки екипи се ангажирани на територија на целата сојузна држава по последиците кои ги предизвика ураганот. До четвртокот попладне, според локално време, спасени се најмалку 340 луѓе и 49 домашни миленици.
Властите сè уште ја проценуваат штетата од невремето.
„Во некои области, во однос на она што се предвидуваше, некои од најлошите сценарија не се остварија“,
рече гувернерот на Флорида.
Без струја сè уште се оставени околу 3,1 милион домови и деловни објекти.