Објавен трејлерот за втората сезона на „Squid Game“

На крајот на првата сезона, протагонистот Сонг Ги-хун се откажува од планот да оди во САД и наместо тоа се обидува да го најде новиот креатор на играта.

Во краткото видео се гледа како тој се појавува со неговата униформа со број 456 помеѓу новите натпреварувачи, кои повторно се натпреваруваат за огромна сума на пари.

Серијата се фокусира околу финансиски нестабилни лица кои се натпреваруваат во смртоносни игри со шанса да освојат награда која ќе им го промени животот.

Првата сезона излезе во 2021 година и беше вистински хит. Таа стана најгледаната неанглиска серија на Нетфликс со над 2 милиони часови гледаност на платформата. Серијата исто така беше номинирана за 14 Еми награди, вклучително и за најдобра драмска серија.

Прочитајте и:  Објавен нов трејлер за Suqid Game

Втората сезона се очекува да излезе на 26 декември.

- Реклама -