Портретот на Черчил украден од канадски хотел пронајден Во Италија


Портретот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, украден од луксузен хотел во канадска Отава, е лоциран во Италија и ќе биде вратен подоцна овој месец, соопштија канадските власти во средата.

Портретот „Лавот кој рика“, фотографија на Јусуф Карш, беше пријавен дека е украден од хотелот „Fairmont Château Laurier“ во август 2022 година, се вели во соопштението на полицијата во Отава.

Подоцна беше откриено дека е украден во периодот меѓу 25-ти декември 2021 година и 6-ти јануари 2022 година.

Полицијата соопшти дека утврдила дека портретот бил продаден преку неименувана аукциска куќа во Лондон на купувач во северниот италијански град Џенова. Се додава дека не биле свесни дека експонатот е украден.

Во април годинава канадската полиција уапси 43-годишен маж и беше обвинет за кражба и трговија со портретот. Полициската служба на Отава соопшти дека купувачот на делото „свечено ќе го предаде портретот на полициската служба на Отава во Рим подоцна овој месец“.

„Лавот кој рика“ потоа ќе биде повторно изложен како „значаен историски портрет“ во хотелот „Fairmont Château Laurier“.

- Реклама -