Еден од најуспешните автори на југословенските телевизиски серии, Синиша Павиќ, почина на 92-годишна возраст, објави во петокот неговото семејство.
Павиќ е роден во 1933 година во Сињ, а на петгодишна возраст се преселил во Белград, каде што го завршил правниот факултет.
Тој е автор на сценаријата за некои од најгледаните долгометражни телевизиски серии – „Театар дома“, „Отпишани“, „Жежок ветар“, „Подобар живот“ и филмови како „Тесна кожа“ и „Лав во срцето“.
Автор е и на сценарија за 14 историски ТВ драми, а напишал и театарски претстави, филмски сценарија, а објавил и неколку романи.