Реми во бурното мадридско дерби


Централниот натпревар од осмото коло во шпанското првенство и големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал заврши без победник (1:1), а Атлетико го избегна поразот во петтата минута од судиското надополнување поради долгиот прекин на дуелот.

Голот за актуелниот европски и шпански првак го постигна Едер Милитао во средината на вториот дел. Неговиот силен удар од околу седум метри го погоди домашниот дефанзивец и го смени правецот, оставајќи го немоќен Јан Облак.

Натпреварот, кој инаку помина во прилично пријателска атмосфера на теренот, беше прекинат петнаесетина минути по погодокот бидејќи домашните навивачи за голот на госитите гаѓаа со предмети кон голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа. Непознато е дали протестираа, спороред нив, непостоечкиот слободен удар по кој во продолжение на истата акција Милитао беше стрелец или станува збор за провокација на поранешниот голман на Атлетико.

Израмнувачкиот гол стигна во судиското надополнување, во 95. минута Анхел Кореа го надмудри голманот Куртоа и создаде лудило на стадионот „Метрополитано“ Во 99. минута поради остар старт беше исклучен домашниот тим Маркос Љоренте.

Барселона остана на врвот на табелата со три бода предност во однос на Реал, иако во саботата го претрпе првиот пораз сезонава. Атлетико Мадрид остана на третото место со пет бода помалку од Барселона, додека Атлетик Билбао, Мајорка и Виљареал и Осасуна имаат бод помалку од тимот на „Јорганџиите“.

- Реклама -