Родригез потпиша за Рајо Ваљекано


Капитенот на колумбиската фудбалска репрезентација 33-годишн иот Џејмс Родригез потпиша договор со шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано, соопштија од клубот.

Родригез пристигна како слободен играч откако минатата сезона ја мина во бразилски Сао Паоло. Ваљекано не ја откри должината на договорот.

Колумбиецот веќе играше во Шпанија, од 2014 до 2020 година беше член на Реал Мадрид со две сезони поминати на позајмица во минхенски Баерн. Играше и за Порто, Монако, Евертон, Олимпијакос, Ал Рајан и Банфилд.

За колумбиската репрезентација забележа 106 настапи со 28 гола, а беше и еден од најдобрите играчи на последното издание на Копа Америка, каде Колумбија загуби во финалето од Аргентина со 0:1.

- Реклама -