Се враќа ли на голема врата кинескиот технолошки гигант, Huawei?

Kинескиот технолошки гигант, Huawei, со неверојатна приказна за враќање на пазарот. Компанијата санкционирана од САД објави нови телефони, лаптопи, чипови со вештачка интелигенција и електрични возила. Huawei оствари продажба од речиси 100 милијарди долари во 2023 година.

Сепак медиумите пишуваат дека основачот на Huawei, Рен Женгфеи, сè уште не е сигурен дека неговата компанија ги надминала проблемите.

За разлика од Huawei, „99% од кинеските компании можат да соработуваат со САД“, рече Рен. „Тие не се соочија со санкции, нивната компјутерска моќ е поголема од нашата и имаат пристап до супериорна технологија“.

Основачот на Хуавеи, исто така, ги пофали САД и нивната сила во науката и технологијата, што ја припишува на отворената култура која може да привлече светски таленти. Тој предупреди дека земјите ризикуваат да заостанат ако се затворат.

Администрацијата на Трамп го стави Huawei на црната трговска листа на САД во 2019 година, а една година потоа и забрани на кинеската технолошка компанија да добива полупроводници направени со помош на американска технологија или софтвер. Овие санкции го попречија бизнисот на Huawei со телекомуникациите и потрошувачката електроника, принудувајќи го да ги суспендира производите и да одвои делови од компанијата за да останат живи.

Прочитајте и:  Секоја компанија ќе стане компанија за вештачка интелигенција

Сепак, Huawei се враќа во секторот за потрошувачка електроника со нови премиум паметни телефони и лаптопи. Исто така, развива нови чипови со вештачка интелигенција и компоненти за електрични автомобили, двата стратешки сектори за Пекинг.

Huawei исто така развива сопствен софтвер, откако беше отсечен од продавниците за апликации на Apple и Google. Фирмата разви HarmonyOS, свој мобилен оперативен систем, а неодамна го лансираше и HarmonyOS NEXT што го означува одвојувањето на Huawei од екосистемот Android.

Сè уште не е сосема јасно како Huawei ги добива напредните алатки и процесори потребни за своите нови премиум производи. Аналитичарите претходно сугерираа дека Huawei и неговите партнери пронашле начини да користат постара машинерија за да направат помоќни чипови, но дека овие методи веројатно нема да имаат исти приноси како техниките што се користат на друго место.

Неодамна, извештајот од TechInsights тврдеше дека чипот со вештачка интелигенција на Huawei содржи процесор направен од Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC). Тајванскиот производител на чипови ја прекина испораката на Huawei во 2020 година.

- Реклама -