Снег во цела Србија – отежнат сообраќај, без струја останаа 10 000 корисници во југозападот на земјата

„Ер Србија“ соопшти дека неповолните временски услови во Белград и на одредени аеродроми во регионот ќе се одразат на протокот на сообраќајот на српската национална авиокомпанија и ќе доведат до доцнења и можни откажувања на одредени летови

Повеќе од 10 000 корисници во централна и југозападна Србија во моментов се без електрична енергија поради дефекти на мрежата предизвикани од снежните врнежи и силните ветрови.

Според РТС, 160 екипи на Електродистрибуцијата биле ангажирани за санирање на дефекти на територијата на дистрибутивната област Краљево, која опфаќа 43 општини и 11 градови со околу 900 000 корисници.

Поради забележливото заладување низ Србија, дождот во текот на попладневните часови премина во снег, а во текот на ноќта се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 сантиметри на пониските места, а повеќе од 20 сантиметри на планините.

Авиокомпанијата „Ер Србија“ соопшти дека неповолните временски услови во Белград и на одредени аеродроми во регионот ќе се одразат на протокот на сообраќајот на српската национална авиокомпанија и ќе доведат до доцнења и можни откажувања на одредени летови.

Оотежнат, а на места и забранет за тешки товарни возила е сообраќајот по дел од автопатите низ Србија.

- Реклама -