Поројните дождови и поплавите ги натераа властите во Флорида, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Вирџинија да прогласат вонредна состојба
Најмалку 60 луѓе загинаа, а милиони се справуваат со катастрофални последици по ударот од ураганот „Хелен“ на југоистокот на САД.
На многу места прекината е мрежата за електрична енергија, уништени се куќи, патишта, мостови и друг тип на инфраструктура.
Поројните дождови и поплавите ги натераа властите во Флорида, Северна и Јужна Каролина, Џорџија и Вирџинија да прогласат вонредна состојба.
Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем.
Првичните проценки се дека ураганот предизвикал штета до дури 100 милијарди долари.