Хуманитарен концерт „Во спомен на љубовта за Данче“ – во чест на Даниел Милошевски

„Во спомен на љубовта за Данче“ – насловот на јубилејниот хуманитарен концерт закажан на 6 октомври во НОБ, во чест на 10-годишнината од смртта на еден од највлијателните и најпочитувани македонски музички менаџери и продуценти. Концерт во чест на човекот кој остави неизбришлив белег во македонската и балканската музичка индустрија, покојниот Даниел Милошески – Данче.

Неговата работа и посветеност ги поставија темелите на современата македонска музичка сцена, а неговата енергија, посветеност и неуморна работа ќе останат како инспирација за сите кои се дел од музичката индустрија.

Во негова чест и со единствена цел да се одбележи наследството што го остави, со почит и благодарност за сѐ што направи за домашната музика на 6 октомври во НОБ ќе пеат: Ареа, Агни Авшар, Ана и Стефан Петановски, Бени и Нон стоп, ДНК, Златно славејче, Кристина Арнаудова, Николче Мицевски, Поп арт бенд, Пајак и Лара, Слаткаристика.

Комплетниот приход од овој проект ќе биде дониран за здружението Асоцијација за цистична фиброза.

Делото и името на Данче засекогаш ќе живеат во срцата на сите што го познаваа и соработуваа со него, а нека живее и идејата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош.

- Реклама -