„Јапан@мк“ и „Base42“ со настан за промоција на јапонската култура во Скопје

На 4 јули со почеток од 19:00 часот, „Јапан@мк“ и „Base42“, организраат уште еден во низата настани за промоција на јапонската култура во Скопје.

„Ви подготвуваме вистинска дружба на заедницата. Ќе се собереме и дружиме, ќе гледаме аниме, ќе се ладиме со лимонада, ќе муабетиме за нашите пасии и ќе пееме. Се разбира ќе имаме ептен шик базар со: кawaii styling парчиња и накит на @_factory_girl__ ,dark goth чокери и unisex ланчиња на @chaotic.dolls, урбана облека во уличен стил со јапонски и македонски брендови на @platform_0.10, маички со аниме апликации и други аниме додатоци на @animestore.mk, домашна лимонада и торбички брендирани со Сакура фестивал подготвени од Јапан@mk за поддршка на нашите настани“ велат организаторите во најавата за настанот.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Од 19:30 ќе биде прикажано и анимето „Тунелот до летото и излезот на збогувањата“, по што ќе следи дискусија.

Настанот ќе заврши со караоке на јапонска музика.

- Реклама -