1.5 милиони Романци живеат со помалку од 3 евра на ден

„Бедните на Европа“ – 1.5 милиони Романци живеат со помалку од 3 евра на ден, а над 5 милиони живеат под прагот на сиромаштијата, пишува романскиот весник „Gându“.

Според истражувањето на платформата „Општествен монитор“, месечните приходи на овие 1.5 милион Романци се под 400 леи (1 евро е еквивалент на 4.65 романски леи), што значи дневно располагаат со помалку од 15 леи, т.е. под 3 евра. Се работи за луѓе кои работат, но сепак живеат под лимитот на пристоен животен стандард, пишува весникот.

Според податоците на романскиот Националнен институт за статистика, над 5 милиони Романци и официјално живеат под работ на сиромаштијата. Едно од пет лица над 65 години спаѓа во таа категорија.

Романија има околу 19.9 милиони жители (според пописот во 2014-та).

 

- Реклама -