10 историски фотографии од Дубаи и ОАЕ

Многумина мислат дека Дубаи е град без историја и култура. Не баш.

1967 

cement-wharf[1]

Рачно истоварање на цемент во близина на денешното пристаниште Порт Рашид. Побарувачката за цемент експлодираше кога беше откриена нафта во 1966, и Х. Х. Шеик Рашид направи планови за експанзија на емиратот во Дубаи. Илјадници тони цемент беа рачно влечени, торба по торба. Фотографијава е уште од пред да постојат Обединетите Арапски Емирати (формирани се во 1971).

1977 

jumeirah-mosque[1]

Автомобил минува до иконската џамија Џумеира, направена од бел камен, компетирана во 1978. Денес е опкружена со продавници.

1979

queen-of-england-70s[1]

Официјалното транспортно возило на кралицата Елизабета II на нејзината тура низ Обединетите Арапски Емирати во 1979 беше Мерцедес. Обезбедувањето задолжено да ја штити кралицата, ја следеше колата јавајќи на камили. Патем, баш овој Мерцедес сега се наоѓа во Националниот автомобилски музеј на ОАЕ, во Абу Даби.

1984

1984-sheikh-zayed[1]

Х. Х. Шеик Зајед – основачот на ОАЕ, во 13-тата година од неговиот 33-годишен мандат како претседател на ОАЕ.

1987

emirati-family[1]

Обично семејство од Емиратите, сликано пред традиционална продавница за основни намирници во Дубаи.

Прочитајте и:  Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

1990

emirates-golf-club[1]

Фотографијава од Емиратскиот Голф Клуб покажува колку многу се сменил изгледот на градот за само 16 години. Клубот сега е опкружен од The Views, JLT и The Lakes – познати знаменитости на Дубаи. Патот што се гледа на сликата денес има многу повеќе ленти.

1991

dubai-creek-yacht-golf-club[1]

Еве како голф клубот на другиот крај на градот – The Dubai Creek Golf Club изгледаше во ’90-тите. Сега е дом на раскошни зелени терени и прекрасниот Park Hyatt хотел. Еве како изгледа -> клик.

1995

woman-traditional-bride[1]

Жена носи традиционален бедуински свадбен вел – накитот често претставувал колкав дел од парите на невестата влегуваат во бракот.

1996

sheikh[1]

Традиционален лекар во Ал Аин демонстрира древна бедуинска техника, која вклучува нанесување на жежок метал на стомакот на пациентот (на принцип сличен како кај акупунктурата).

1997

gitex[1]

Средина на ’90-тите, кога компјутерите големи колку мало куче беа глетка за восхит во Gitex (најголемиот пазар и саем за технологија во регионот). Кој би рекол дека за помалку од 20 години, на саемот ќе има претставено домови кои всушност ти зборуваат.

- Реклама -