10 начини како да ја заштитите вашата приватност на Фејсбук

Повеќе... Статистиките покажуваат дека на Facebook има 300 милиони активни корисници од кои секој има во просек по 120 пријатели. Корисниците аплоадираат повеќе од 1 билион фотографии секој месец, а 70% од нив ги користат апликациите како игрите и квизовите на Фејсбук. За жал, поголем дел од корисниците не ги знаат последиците од оставањето на приватните информации или играњето игри на Фејсбук. Овој водич ќе ви покаже што можете (или не можете) да направите за да ја заштиите вашата приватност на Фејсбук.


Статистиките покажуваат дека на Facebook има 300 милиони активни корисници од кои секој има во просек по 120 пријатели. Корисниците аплоадираат повеќе од 1 билион фотографии секој месец, а 70% од нив ги користат апликациите како игрите и квизовите на Фејсбук. За жал, поголем дел од корисниците не ги знаат последиците од оставањето на приватните информации или играњето игри на Фејсбук. Овој водич ќе ви покаже што можете (или не можете) да направите за да ја заштиите вашата приватност на Фејсбук.

1. Организирајте ги вашите пријатели на Фејсбук

Селектирајте го делот Friends од менито и искористете го линкот Create за да креирате листи со пријатели како Колеги од работа, Семејство, Фејсбук пријатели итн. Ова како што ќе видите подоцн е добра опција за да ги направите (не) видливи одредени делови од вашиот профил и активности на Фејсбук за конретна група од пријатели. Вашите пријатели не можат да ги видат овие листи, па така можете да ги наречете како сакате.

friendlists.jpg
2. Приватноста на вашиот профил

Кликнете на Settings > Privacy Settings > Profile. Изберете кои од деловите на вашиот профил за кого да бидат видливи. Доколку изберете Customize од паѓачкото мени, можете да бидете поконкретни во ограничувањето на видливоста на вашиот профил. Тука се од голема корист претходно направените листи со пријатели.

privacyprofile.png

privacyprofilecustomize.png

3. Одредете ја приватноста на вашите фото албуми

На Photos табот од вашиот профил, кликнете на Album Privacy. Овде повторно можете да ги користите листите со пријатели за да ја одредите  приватноста на секој од фото албумите.

albumsprivacy.jpg

4. Ограничете ја видливоста при пребарување

Кликнете на Privacy > Search за да ја ограничите вашата видливост кога некој го пребарува Фејсбук. Ова е важен начин  како да си ја обезбедите вашата приватност на Фејсбук. Исто така можете да изберете што ќе биде видливо во резулатите од пребарувањето.

privacysearch.png

5. Поголема контрола врз Automatic Wall Posts и News Feed Updates

Вашите акции на Фејсбук како коментарите, нештата на кои сте кликнеле like се појавуваат на главната страница кај СИТЕ ваши пријатели. Овде, за жал, не можете да ги користите листите со пријатели, можете само да ги исклучите деловите кои не сакате да се појавуваат, а тоа ќе важи за сите ваши пријатели. Одете на Privacy > News Feed and Wall и изберете дали вашиот шеф или поранешна девојка сакате да знаат дали сте во врска или не.

privacynewsfeed.png

6. Одредете ја приватноста на вашиот Facebook Wall

На страницата од вашиот профил кликнете на Options > Settings под статус барот. Овде можете да имате контрола врз тоа кои пријатели можат да постираат на вашиот Ѕид и кој се може да ги гледа тие постови.

wallprivacy.png

7. Избегнете да се појавувате во рекламите

За да се осигурате дека вашите информации нема да се користат во рекламите од трето лице на Фејсбук, одете на Privacy > News Feed and Wall > Facebook Ads табот за да ја исклучите таа можност.

privacythirdpartyads.png

8. Заштитете се себеси од апликациите на вашите пријатели

Одете на Privacy > Applications, кликнете го Settings табот и отштиклирајте ги сите опции. Со ова ќе можете да контролирате кои од вашите информации се видливи на апликациите од вашите пријатели. Ова значи дека вашите религиозни, сексуални и политички определби, слики итн. се достапни на девелоперите на апликации на Фејсбук, секој пат кога некој од вашите пријатели решава квиз, игра игра или користи некоја друга апликација. Заради овој проблем Фејсбук најчесто добива критики заради приватноста. Со ова вие ќе можете да контролирате што ќе биде видливо од вашиот профил на апликациите кои ги инсталирале вашите пријатели, дури и ако вие не сте ги инсталирале истите.

privacyapplications.png

9. Приватноста во вашите апликации

Не постои начин да се контролира кои од вашите информации ќе бидат видливи на апликациите кои ги користите, тоа е се-или-ништо договор. Со помош на овој квиз можете да погледнете што анонимните девелопери на апликации дознаваат за вас и за вашите пријатели секој пат кога ќе решите некој квиз. Или тоа можете да го проверите во детали со апликацијата Privacy Mirror. Единствено нешто што вие можете да го направите во овој случај е да ги користите апликациите на кои им верувате. Одете на Settings > Application Settings и променете го Recently Used во Authorized. Овде можете да ги видите сите апликации кои се авторизирани да имаат пристап до СИТЕ ваши информации. Отстранете ги оние кои повеќе не ви се потребни.

authorizedapps.png

10. Се откажувате од вашата Фејсбук сметка? Избришете ја наместо само да ја деактивирате!

Лесно можете да ја деактивирате вашата сметка на Фејсбук, но со тоа вашите информации остануваат, вклучително и сликите, пријателите итн. Доколку сакате перманентно да ја избришете вашата сметка на Фејсбук, отидете тука за да
побарате перманентно бришење. Но имајте го на ум тоа дека нема начин да дознате дали навистина вашата сметка е трајно избришана и дека дури и после перманентното бришење, Фејсбук вели дека копии од вашите фотографии можат да останат на нивниот сервис заради технички причини. Исто така, имајте на ум дека одвреме-навреме се случува  хакери да ја нападнат оваа социјална мрежа, што неодамна кај нас беше случај, кога беа украдени лозинките од 16.000 корисници. Најдобро е затоа да ја осигурате вашата приватност, отколку подоцна да жалите и да го избегнувате Фејсбук.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати
- Реклама -