10 најглупави 911 повици

1243192959.jpg Сите го знаеме бројот за итни случаеви – 911. Кај нас не е тој, но од филмовите знаеме дека Американците го користат. Освен за итни случаи, видете и за што друго го користат.

Сите го знаеме бројот за итни случаеви – 911. Кај нас не е тој, но од филмовите знаеме дека Американците го користат. Освен за итни случаи, видете и за што друго го користат.

 

10. Жената која се јавила на 911 за да го покани полицаецот на состанок
fffsssa.jpg

 

 

 

 

 

 
Жена во Aloha, Oregon свртела 911 затоа што мислела дека заменикот кој самошто ја посетил нејзината куќа бил сладок. Откако нејзините соседи се пожалиле на бучавата, два заменика на шерифот затропале на вратата на Lorna Jeanne Dudash. Нејзиното око „фатило“ еден од нив. Откако си отишле, Lorna свртела 911 во очаен обид да го добие заменикот, која го опишала на диспечерката како “a cutie pie”.
Таа кажала дека нема итен случај, таа само сакала диспечерката да го врати заменикот назад. Заменикот се вратил и откако било утврдено дека таа нема итен случај, ја уапсил Lorna за вознемирување на 911. Таа сега се соочува со казна од неколку илјадници долари и година во затвор.

9. Жената која се јавила на 911 бидејќи се заклучила во својот автомобил
a96669_a440_locked_in_car.jpg
Жена во Флорида се јавила на 911 затоа што се заклучила во нејзиниот автомобил. Излегло дека се што требало е рачно да ја повлече рачката од автомобилот.
Неидентификуваната жена била паркирана до продавница.„ Мојот клуч не сака да стартува. Заклучена сум во својот автомобил“ рекла неидентификуваната жена. „Ништо електрично не работи. Станува жешко овде и не се чуствувам добро“. Диспечерот тогаш предложил да ја повлече рачката. Жената се обидела и успешно ја отворила вратата.

8. Осамениот тип кој се јавил на 911 преку 27.000 пати
a96669_a440_crankcalls.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 
John Triplette, 45 годишен невработен маж е обвинет за вознемирување на 911 линијата за итни случаеви: тој направил повеќе од 27.000 повици кон таа линија.
Полицијата вели дека тој бил осамен маж кој се јавувал на диспечерката понекогаш и преку 100 пати на ден. Тој правел различни звуци, ждригал, користел маскиран глас…Повиците биле направени од мобилен телефон на T-Mobile,  што дошло до негово апсење откако полицијата ги следела сигналите. Полицијата вели дека тој се извинил, а се јавувал „ затоа што било бесплатно“. Тој се соочува со казна од 1000 долари и/или 6 месеци во затвор.

7. Жената која се јавила на 911 затоа што во McDonald’s немале McNuggets
a96669_a440_mcnuggets.jpg

 

 

 

 

 

 
Вознемирена поради тоа што нејзиниот локален McDonald’s немало пилешки McNuggets, жена од Флорида се јавила 3 пати на 911 за да ја пријави „итноста“. Latreasa Goodman, 27 годишна се јавила за да се пожали дека касиерот не сака да и ги врати парите.
Кога полицијата стигнала во ресторанот, таа им кажала: „ Ова е итен случај. Да знаев дека немаат McNuggets немаше да ги дадам парите, а сега сакаат да ми дадат McDouble, но јас не сакам.“ Таа беше уапсена и полицијата ја обвини за вознемирување на 911 линијата.

6. Сопругата која се јавила на 911 за мажот и да престане да гледа порно
a96669_a440_manwatchingporn.jpg

 

 

 

 

 

 

  
Фрустрирана германска домаќинка се јавила на полицијата затоа што мажот и не сакал да престане да гледа порно филмови. 44 годишната жена се јавила и и кажала на диспечерката дека е итен случај. Но кога полицијата дошла на местото, видела дека се е во ред и дека мажот и гледал порно филм.

И кажале дека тука полицијата неможе ништо, но ја упатиле кон советник.

5. 4 годишно момче кое се јавило на 911 затоа што неможел да реши математички проблем
a96669_a440_math_problem.jpg

 

 

 

 

 


 
4 годишно момче, Johnny решило да се јави на 911 кога му требало помош со домашната задача. Чудно, но диспечерот му помогнал.

4. Жената која се јавила на 911 поради недостиг на шкампи во пржениот ориз
a96669_a440_shrimp.jpg

 

 

 

 

 

 

  
Жена се јавила на 911 за да каже дека не добила толку шкампи колку што сакала во нејзиниот ориз во Fort Worth- рестораните. Гневната муштерика и кажала на диспечерката „за да дојде полицаец овде, што треба да се направи?“. Таа исто така кажала: „Тој не стави ни плус екстра шкампи“.

Муштериката ја немало кога следниот ден дошол полицаец. Работниците во ресторанот рекле дека жената одбила да и ги вратат парите откако си отишла со нарачката, па потоа дошла да се жали. Готвачката кажала дека се било во ред со нејзиното јадење.

3. Парот кој се јавил на 911 за да смири караница
a96669_a440_cold_feet.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 


  
Жена се јавила во локалното 911 во Кина откако нејзиното момче одбило да и ги стопли ладните стапала. Полицаецот  Xiao Deng добил два повика, еден од жена која се пожалила дека момчето не сака да и ги стопли стапалата – и другиот од маж како се жали дека девојка му бара премногу.
  
Полицаецот отишол во нивниот стан, но тие сеуште се карале. Тој на крај го убедувал момчето дека негова работа е да и ги стопли стапалата, а на жената и кажал да не ги остава стапалата откриени подолго време. Младиот пар ги ставиле настрана нивните разлики и се заблагодариле на полицаецот за тоа што дошол да им го реши проблемот.


2. Човекот кој се јавил на 911 бидејќи не го пуштиле во ноќен клуб
a96669_a440_night_club.jpg

 

 

 

 

 

 

 

Човек во Орегон се јавил на 911 бидејќи не го пуштиле да влезе во ноќен клуб. Вработените во клубот  "The Caribe" кажале дека не го пуштиле бидејќи бил под дејство на алкохол. Edgar Dieguez-Lopez тогаш се јавил на 911 и и кажал на диспечерката дека го одбиле да влезе.

Диспечерката преку преведувач му објаснила дека клубот има право да одбие гости и го замолила да седи надвор и да ја почека полицијата. Полицијата дошла и нашла кокаин во телото на Edgar Dieguez-Lopez. Бил уапсен бидејќи бил под дејство на наркотици.

1. Човекот кој бил бркан од полиција и се јавил на 911 за да ги прелаже
a96669_a440_foulpolice.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
  
28-годишен човек во Sarasota го следеле полицајци со цел да го запрат за проверка, кога овој се јавил на 911 за да каже дека има вооружен грабеж неколку блока подолу. Планот ќе му успеел кога полицијата била прекината од неговото следење за да одговори на грабежот.

Но тогаш други полицајци го следеле до паркингот и виделе пиштол во неговата кола. Полицаецот утврдил дека човекот бил престапник и дека немал право да поседува оружје. Откако го уапсиле, виделе дека лажниот 911 повик е од неговиот телефон.

Но сепак, good thinking, нели?

- Реклама -