10 научно докажани начини како да бидете среќни

Повеќе... Во последните неколку години психолозите и истражувачите напорно работат на тоа да го најдат одговорот на прашањето кое претходно беше цел на потрагата само на филозофите: Што не прави среќни? Научниците ги проучуваа различните култури и луѓето од цел свет за да откријат како парите, ставот, културата и нашите секојдневни навики влијаат врз нашата благосостојба и дојдоа до заклучок дека најмногу од нашите акции зависи нашата среќа и задоволство од животот. Еве неколку научно докажани стратегии кои можат дa ве направат  среќни.

Во последните неколку години психолозите и истражувачите напорно
работат на тоа да го најдат одговорот на прашањето кое претходно беше
цел на потрагата само на филозофите: Што не прави среќни? Научниците ги
проучуваа различните култури и луѓето од цел свет за да откријат како
парите, ставот, културата и нашите секојдневни навики влијаат врз
нашата благосостојба и дојдоа до заклучок дека најмногу од нашите акции
зависи нашата среќа и задоволство од животот. Еве неколку научно
докажани стратегии кои можат дa ве направат  среќни.

3114789791_fd9e84f5ee.jpg1. Ценете ги секојдневните моменти

Паузирајте малку и обрнете внимание на малите нешта, помирисајте цвеќе или гледајте како си играат децата. Кај учесниците во една студија кои посветиле време за да ги „вкусат“ малите секојдневни нешта кои инаку во забрзаното секојдневие би ги занемариле или кои посветиле време на тоа да размислуваат на пријатните моменти кои им се случиле во денот, депресијата се намалила, а нивната среќа станала поголема.

2. Избегнете го споредувањето

Споредувањето на себеси со другите може да не направи помалку среќни и да ни делува негативно врз нашата самодоверба. Наместо да се споредуваме со другите, подобро е да се фокусираме на нашите лични достигнувања.

3. Ставете ги парите на последно место

Луѓето кои ги сместуваат парите високо на нивната листа на приоритети се со голем ризик кај нив да дојде до депресија, анксиозност и мала самодоверба, според истражувачите Tim Kasser и Richard Ryan. Нивните откритија се покажаа точни за повеќето нации и култури. „Колку повеќе бараме сатисфакција во материјалните нешта, толку помалку ќе ги најдеме таму“ според Richard Ryan „Задоволството секогаш трае кратко – тоа е секогаш толку минливо“ Оние кои се секогаш во потрага по пари исто така покажале слаби резултати во виталноста и само-актуелизацијата.

happypeople.jpg4. Имајте некаква цел

„Луѓето кои се стремат кон нешто значајно, дали е тоа учење на некаква вештина или одгледување деца, се посреќни од оние кои немаат цврсти соништа и аспирации“ според Ed Diener и Robert Biswas-Diener. Како човечки суштества нас ни е потребна некаква смисла за да се развиваме и да напредуваме. Професорот на Харвард, Tal Ben-Shahar, го тврди истото: „Среќата лежи во пресекот помеѓу задоволството и значењето односно смислата. Било на работа, било дома, целта е да се биде вклучен во активности кои имаат некакво лично значење за личноста, а во исто време предизвикуваат задоволство“.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

5. Преземете иницијатива на работното место

Колку сте среќни на работното место зависи и од тоа колку преземате иницијатива. Според истражувачката Amy Wrzesniewski, кога ние можете слободно да ја изразиме својата креативност, да им помогнеме на другите, да предложиме подобрувања или да правиме нешто дополнително на работа, работата има поголема вредност за нас и повеќе се чувствуваме дека ја имаме контролата.

happysmilingpeople.jpg6. Стекнувајте пријатели, ценете го семејството

Среќните луѓе имаат добри семејства, пријатели и врски во кои имаат поддршка, според истражувањата на Diener и Biswas-Diener. Но, не е важно да сте опкружени со многу луѓе со кои не сте блиски. „Нам не ни се потребни само врските, нам ни се потребни само оние блиските“ во кои е вклучено разбирање и грижа.

 

7. Насмевнувајте се дури и ако не ви е дојдено до тоа

Звучи многу просто, но функционира. „Среќните луѓе… гледаат можности, прилики и успех. Кога размислуваат за иднината, тие се оптимисти, а кога се навраќаат на минатото, тие се трудат да ги истакнат позитивните страни“ според истражувачите Diener. Дури и ако не сте родени да ја гледате чашата како полуполна, со вежбање, позитивниот став може да стане навика.

smile.png8. Кажете „Благодарам“ како навистина да го мислите тоа

Луѓето кои се благодарни се поздрави, пооптимистички и поуспешни во постигнувањето на личните цели. Истражувањето на Martin Seligman, основачот на позитивната психологија, откри дека луѓето кои пишувале писма за благодарност на некој кој направил некаква разлика во нивниот живот се покажало дека се посреќни и дека да се каже „благодарам“ на некого ја намалува депресијата и ефектот трае со недели.

9. Излезете надвор и вежбајте

Студијата направена на Дјук Универзитетот покажа дека вежбањето може да биде исто толу ефективно колку и анти-депресивите, само без контрадиндикациите и трошокот. Друго истражување покажа дека во прилог на здраствените подобрувања, редовното вежбање придонесува и за чувството на исполнетост и можност за социјална интеракција, притоа со вежбањето се ослободува ендорфин кој прави да се чувствувате добро и се зголемува самопочитта.

10. Давајте за да добиете

Направете ги алтруизмот т.е. грижата за другите и давањето дел од вашиот живот. Истражувачот Stephen Post вели дека помагањето некому, волонтирањето или донирањето е подобро за вашето ментално здравје дури и од вежбањето и откажувањето на цигарите.  Да се ислуша пријателот, да се пофали нечиј успех и да се прости некому исто така допринесуваат за нашата среќа, според него. Истражувањата направени од Elizabeth Dunn открија дека оние што трошат повеќе пари на другите се посреќни одошто оние кои трошат на себеси.

- Реклама -