10 навики кои ќе ви помогнат да доживеете 100 години

Вежбање Следат 10 едноставни правила кои ќе ви помогнат да си го продолжите животниот век. Истите се изведени од студијата базирана врз животите на оние кои веќе доживеале 100 години.


Следат 10 едноставни правила кои ќе ви помогнат да си го продолжите
животниот век. Истите се изведени од студијата базирана врз животите на
оние кои веќе доживеале 100 години:

Вежбање1. Не се пензионирајте! „Се покажа дека во општествата каде што луѓето одеднаш престануваат да работат, процентот на претерана дебелина и болести се зголемува неконтролирано по пензионирањето“ вели Луиџи Ферули, директор на лонгитудиналните студии за стареење во Балтимор. Регионот Кианти во Италија, каде што има голем процент на стогодишници има поинаков поглед на слободното време. „Откако луѓето ќе се пензионираат од нивните работни места, продолжуваат да работат на малечките фарми, одгледувајќи грозје или зеленчук. Тие никогаш не се неактивни“ вели тој. Не сте по физичката работа? Волонтирајте некаде. Важно е да останете активни.

2. Обрнете внимание на оралната хигиена! Луѓето кои посветуваат доволно внимание на оралната хигиена, имаат помалку бактерии во устата. Тоа се истите бактерии кои влегуваат во крвотокот и ги задебелуваат артериите, што пак е еден од главните ризици за болести на срцето.

3. Движете се! „Вежбањето е едниот и единствен извор на младоста кој постои“ вели Џеј Олшански, професор по медицина и истражувач на процесот стареење при универзитетот Илиноис во Чикаго. „Тоа е како редовно менување на масло и подмачкување на деловите во вашиот автомобил. Не морате да ги правите, но тој ќе се движи подобро доколку ги правите“. Бројни студии потврдија дека придобивките од редовно вежбање се: подобро расположение, зголемена концентрација, рамнотежа, мускулна маса и поцврсти коски. „Придобивките ќе ги воочите уште по првото вежбање“ додава Олшански. Не мора да се претворите во боди билдер кој ќе спие во теретана. Доволно е да преминете од правење ништо во секојдневни прошетки од по половина час.

4. Јадете интегрални снегулки за појадок! Редовната исхрана со интегрални снегулки, особено наутро, на постарите лица им обезбедува доволно шеќер за целиот ден и значително го намалува ризикот од диабетес, еден од забрзувачите на стареењето.

5. Спијте најмалку 6 часа! Наместо да кратите од сонот за да додадете часови на денот, продолжете го сонот за да додадете години на животот. Спиењето е еден од најважните механизми кои нашето тело ги користи за да ги регулира и излечи клетките. Пресметано е дека на постарите лица им е неопходна барем 6 часа РЕМ фаза во денот. Оние кои доживуваат 100 години го сметаат спиењето за приоритет.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

6. Конзумирајте вистинска храна, не додатоци! Постојат докази дека оние што во својата крв имаат доволни количини на одредени хранливи материи како селен, бета каротин, витамини Ц и Е – стареат подобро и кај нив многу побавно се развиваат вродените болести. Но, не постојат докази дека земањето на овие материи преку таблети ќе доведе до истиот ефект. Во еден обичен патлиџан постојат 200 различни каротеноиди и 200 флавоноиди. Сите тие можат да имаат меѓусебна интеракција и да му дадат на телото нешто што таблетите никогаш не би можеле. Затоа, избегнувајте бела храна (леб, брашно, шеќер) и преориентирајте се на живописните овошја и зеленчуци, како и интегрални лебови и снегулки.

7. Бидете помалку невротични! Можеби на Вуди Ален му успева да се отараси од стресот со хумор и иронија, но на обичните смртници им е потребен поинаков вентил. Последните студии покажале дека стогодишниците имаат тенденција да не ги чуваат маките во себе и да се жалат за сите ситници. За да се справите со стресот, можете да се обидете со јога, таи чи, медитација или едноставно длабоко дишење неколку минути. Мумлање, карање со телевизорот додека пиете пиво и јадете чипс – лошо, многу лошо!

8. Третирајте го сопственото тело како храм! Не пушете, не пијте алкохол, не претерувајте со слатки, воспоставете здрава диета и редовно вежбајте.

9. Станете суштество водено од навики! Оние што живеат најдолго имаат дневна рутина од која тешко отстапуваат. Важно е да се запази периодот на оброците, да се легнува и станува од спиење во приближно исто време, зашто со текот на годините, ситни нешта можат да го нарушат метаболичкиот еквилибриум, што понатаму може да има големи последици.

10. Останете поврзани! Имањето редовни социјални врски со пријателите и општо, луѓе кои ви се драги е еден од клучните фактори за избегнување на депресијата, што пак е еден од најголемите предизвикувачи на прерана смрт.
[10 Health Habits That Will Help You Live to 100]

- Реклама -