Веќе знаеме што жените навистина сакаат, но со нас, мажите, нештата се малку поинакви. Мажите отсекогаш биле помистериозни, потаинствени и не толку волни да ги споделат своите чувства и желби. Затоа, овде ќе фрлиме поглед на десетте нешта што потајно ги посакуваме.
Веќе знаеме што жените навистина сакаат, но со нас, мажите, нештата се малку поинакви. Мажите отсекогаш биле помистериозни, потаинствени и не толку волни да ги споделат своите чувства и желби. Затоа, овде ќе фрлиме поглед на десетте нешта што потајно ги посакуваме:
1. Третман во салон за убавина
Не, не за нас. Понекогаш сакаме вие да отидете со другарките. И не затоа што сакаме да седиме сами без пречки, туку затоа што ни се допаѓа мирисот кој го имате по враќањето, а особено начинот на кој се однесувате (самодовербата е на максимално можно ниво). Искрено кажано, кога вие сте среќни, ние сме среќни.
2. Слободно време
Вашите родители се ОК луѓе, но тоа не значи дека сакаме да го минеме секој слободен миг во нивно присуство. Понекогаш, она што го сакаме е викенд во кој ќе нема никој друг наоколу, викенд во кој ќе можеме да се излежуваме и бесцелно да зјапаме во телевизорот.
3. Секс
Доволно кажано.
4. „Валкана“ девојка
Не постојано, но одвреме-навреме, сакаме девојката да стане „валкана“, „лоша“ или како сакате окарактеризирајте го тоа. А, ако девојката го стори тоа, тогаш речиси секогаш добива што и да посака од нас.
5. Тишина
Ни треба мир. Кога го добиваме, правиме повеќе нешта за возврат одошто можете да си замислите. Тоа би значело дека не треба да ни велите да исчистиме, да го фрлиме ѓубрето или да го прошетаме кучето. Мажите се обратнопропорционални суштества, па колку помалку заповедате, толку повеќе ќе биде сторено.
6. Излегување
Само затоа што не зборуваме за тоа во спалната, не значи дека не сакаме излегувања. Потребни ни се за одново да се почувствуваме млади. Дозволете ни да ве собереме, да ве одведеме на кино, во ресторан, на прошетка… Нештата што ја убиваат монотонијата всушност се рангираат високо на листата на нешта што мажите ги сакаат.
7. Ништо под чаршафите
Ова не е исто што и секс. Понекогаш, сакаме да ве почувствуваме до нас. Па така, кога први заминувате в кревет, изнанедете нè и не облекувајте ништо на себе. Предупредување: ова може да заврши со непреспиена ноќ.
8. Кажете ни дека изгледаме добро
Јасно ни е дека не сме ни блиску до Бред Пит. Но, понекогаш, излажете нè. Секогаш е убаво кога вашата девојка / жена ќе ви подели неочекуван комплимент. Не е лесно постојано да се има самодоверба и да се однесува мажествено, па затоа од голема помош ќе бидат вашите зборови (дури и ако не се искрени).
9. Прошетајте го кучето
Јасно ни е дека готвите и го местите креветот (веројатно уште едно чудо нешта низ домот), но понекогаш, само понекогаш, прошетајте го кучето и дајте ни време да се релаксираме. Кога ќе нè разгалите, знаеме да вратиме десеткратно.
10. Да ги чуеме оние 2 збора
Едноставно зошто…