10 неверојатни факти за Сатурн

Сатурн Сатурн не е единствената планета која има прстени околу себе, но е единствената чии прстени ние можеме да ги видиме. Сатурн е една од петте планети кои античките народи ги виделе со голо око. Но, што друго знаете за Сатурн? Еве 10 помалку познати факти.

Сатурн не е единствената планета која има прстени околу себе, но е единствената чии прстени ние можеме да ги видиме. Сатурн е една од петте планети кои античките народи ги виделе со голо око. Но, што друго знаете за Сатурн? Еве 10 помалку познати факти.

Сатурн1. Сатурн е втората најголема планета во сончевиот систем, шеста по ред од Сонцето и е приближно 800 пати поголема од Земјата.

2. Сатурн е најмалку густата планета
во целиот сончев систем. Составена е главно од водород и хелиум, кои се одговорни за таквата густина. Густината на Сатурн е приближно 2/3 од густината на водата, што значи ако можете да направите доволно голем базен полн со вода и да го потопите, Сатурн нема да пропадне, туку ќе лебди на површината.

3. Јупитер има 60 откриени месечини.
Последните неколку се откриени во последниве години од НАСА. Несомнено е дека ќе бидат откриени и нови, со оглед на енормната гравитација на планетата. И иако дел од месечините се огромни (како Титан, втората најголема месечина во соларниот систем), некои се и многу мали – по неколку километри во дијаметар.

4. Останува мистерија колку точно трае денот на Сатурн.
Несомнен факт е дека Сатурн ротира екстремно брзо. Но, затоа што нема цврста површина, не може точно да се измери колку брзо, туку мора да се мери според магнетните полиња. Различните истражувања дале различни резултати, но просекот за кој научниците постигнале консензус е 10 часа и 32 минути.

5. Една година на Сатурн трае колку 29,42 години на Земјата.


6. Прстените околу Сатурн се составени од милијарди ситни парчиња од: камења, мраз и снег.
Во моментов невозможно е да се одреди времето на нивното потекло. Понекогаш, ако го набљудувате низ телескоп, може да ви се причини оти прстените се оддалечуваат од него. Но, тоа е само оптичка илузија, т.е. тоа се случува кога прстените се навалуваат (од наша перспектива) поради навалената оска на планетата.

7. Сатурн е една од петте планети видливи со голо око,
Тој бил виден уште од античките народи, но се мислело оти се работи за ѕвезда.

8. Сатурн е единствената планета која има сателит со атмосфера – Титан.
Но, густата атмосфера на Титан не е местото каде што научниците претпоставуваат дека можеме да најдеме живот. Под замрзнатата површина на еден друг сателит на Сатурн, Енцелада, се претпоставува оти има дебел воден слој во кој се развил живот со помош на топлината од јадрото на месечината.

9. На Сатурн дуваат најсилните ветрови во целиот сончев систем. Нивната брзина се движи од 500 до 1100 километри на час.

10. Сатурн бил првпат идентификуван како планета (а не како сјајна ѕвезда) во 1610 година од Галилео Галилеј кој го набљудувал за првпат со телескоп. Именуван е по римскиот бог на виното и земјоделството.

- Реклама -