10 неверојатни факти за вселената

Вселена Вселената е најнеистраженото пространство од сите што некогаш го заинтригирале човекот. И не се работи толку за големината на истата, колку што проблем претставува недостапноста за технологијата со која денес располагаме. Знаеме многу нешта за вселената, но тоа не е ни милионити дел од нештата кои не ги знаеме, а можеби и никогаш нема да ги дознаеме. Следат 10 од најинтересните факти до сега откриени.

Вселената е најнеистраженото пространство од сите што некогаш го
заинтригирале човекот. И не се работи толку за големината на истата,
колку што проблем претставува недостапноста за технологијата со која
денес располагаме. Знаеме многу нешта за вселената, но тоа не е ни
милионити дел од нештата кои не ги знаеме, а можеби и никогаш нема да
ги дознаеме. Следат 10 од најинтересните факти до сега откриени.

Вселена10. Сатурн е полесен од водата!

Гасниот џин, Сатурн, втората најголема планета во нашиот сончев систем е поредок од водата, за околу 0,3 грама по сантиметар кубен. Тоа значи дека ако го ставите во огромна чаша со вода, тој ќе лебди над површината. Но, со оглед на тоа што планетата има дијаметар од 60 268 километри, чашата што ви е потребна за да го тестирате ова ќе треба да е прилично голема.

9. Постојано се движиме

Планетата Земја постојано се движи и тоа со брзина од 530 километри во секунда. (Млечниот пат се врти со брзина од 225 километри во секунда, а патува низ вселената со брзина од 305 километри во секунда.) Ова значи дека секоја следна минута, вие сте на 19 илјади километри од онаму каде што се биле претходно.

8. Месечината ќе си замине

Месечината се оддалечува од Земјата за 3,8 сантиметри секоја година. Кога ќе се оддалечи доволно за да се оттргне од гравитациското поле на нашава планета, ќе си најде сопствена орбита околу Сонцето, а последиците на Земјата ќе бидат незамисливи. Нашава планета, како последица на тоа оддалечување, веќе ја забавува сопствената ротација за 0,002 секунди по век.

7. Светлината што ја гледаме е стара 30 илјади години

Иако сончевата светлина стигнува до Земјата за 8 минути, таа е создадена пред 30 илјади години, во јадрото на Сонцето.

6. Сонцето губи милијарда килограми од својата маса секоја секунда

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Сонцето има милијарда килограми помала маса секоја секунда како последица на соларните ветрови кои настануваат поради неверојатно високата температура во короната и служат како начин на ладење.

5. Големата мечка не е соѕвездие

Големата мечка всушност е астеризам. Иако наликува на соѕвездие, ѕвездите кои ја сочинуваат се на различни оддалечености од Земјата и немаат физички врски меѓу себе.

4. Ѕвездата на Џорџ

Оригиналното име на Уран било Ѕвездата на Џорџ. Човекот кој ја открил оваа планета (првата планета откриена со помош на телескоп), Сер Вилијам Хершел, во 1781 година, одлучил да ја именува така, по неговиот патрон, кралот Џорџ III – популарно познат како Лудиот Џорџ.

3. Земјата има уште месечини

Ова не е точно, но се мислело дека е. Во 1986, Данкан Валдрон отркил планетоид со пречник од околу 5 километри кој се движел паралелно со планетава и имал отприлика еднаков период на револуција. Тоа ги натерало научниците во прв момент да претпостават дека се работи за нова месечина. Тврдењата отишле до таму што се претпоставило дека има најмалку 4 месечини. Подоцна, таквите тврдења беа побиени.

2. Сончевите дамки ни дадоа убава музика

Антонио Страдивари се смета за најдобриот производител на виолини во историјата. Никој не можеше да ја открие тајната на неговиот занает, но потоа некој се сети да погледне во Сонцето. Од 1500 до 1800 година, Земјата мина низ еден вид мини ледено време, поради зголемената вулканска активност и намаленото зрачење од Сонцето. Поради тоа, дрвјата имале забавен раст и зголемена густина. Дрвото што Страдивари го користел за производство на инструментите било исклучително тврдо, што му овозможило да ги создаде своите ремек-дела. Ако тој живеел во некое друго време, многу веројатно, немаше да го паметиме како што го паметиме денес.

1. Ладно заварување

Ако 2 парчиња метал се допрат во вселената, тие остануваат засекогаш заварени едно за друго. Колку и да звучи неверојатно, ова е вистинито. Две парчиња метал без облога, при допир, стануваат едно во вакуумот на вселената. Тоа не се случува на Земјата поради тоа што атмосферата создава облоги од оксидирани метали на површината од секој незаштитен метал.

- Реклама -