Од Architectural Digest избраа 10 од најпрекрасните јахти во светот, кои можат да бидат изнајмувани во текот на летото.
Dragonfly
Јахтата е создадена од страна на австралиската компанија Hanseatic Marine и е поставена на вода во 2009 година. Внатрешноста е дело на компанијата Silvestrin Design со седиште во Минхен. Јахтата е нарачана од германскиот индустриалист Гвидо Краш, а нејзиното прво име е Silver Zwei. Таа сепак е продадена и преименувана во 2011 година. Внатрешноста дава чувство од 70-тите години со сјајни дрвени орнаменти и бели кожени софи. Освен тоа располага и со џакузи и писта за хеликоптер.
Maltese Falcon Maltese Falcon
Оваа јахта се смета за најголема во светот, а е изградена во 2006 година, за Американецот Том Перкинс. Јахтата е направена од познатата италијанска компанија Perini Navi и е продадена во 2009 година на грчката милиардерка Елена Амбросиадо.
4YOU
Оваа ултра -луксозна јахта е основана во 2009 година од страна на холандската компанија Heeseen Yachts, а современиот нејзиниот дизајн се должи на Omega Architects. Ѕвездената двојка Џеј Зи и Бијонсе беа забележани како одмараат на јахтата во Средоземното Море заедно со својата ќерка во септември 2012 година.
Beluga 1
Создадена е во Турција, во 1998 година, но е целосно променета во 2007 година од сопственичката Анушка Хемпел што се занимава со внатрешен дизајн. Јахтата пред се ја користела само таа и нејзините пријатели, но веќе ја изнајмува за патувања во Јадранското Море.
Mariu
Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани ја порачал оваа јахта во 2003 година. Оттогаш јахтата е продадена, но таа се уште има луксузни ентериери, а нејзините четири нивоа се поврзани со лифт.
CHRISTINA O
Јахтата е изградена во 1943 година, а си обезбедува место во историјата, откако ја купил и реновирал грчкиот бродски магнат Аристотел Оназис во 1954 година. Оваа јахта е икона од златната ера на Холивуд, а на неа често гостувале ВИП личности, како Винстон Черчил, Елизабет Тејлор и се разбира Жаклин Кенеди, која подоцна станува сопруга на Оназис.
Fleurtje
Изградена е во 1960 година, но во текот на годините е надградена, а денес е еден од најдобрите примери на морската архитектура и дизајн од средината на 20-тиот век. На големата горна палуба има доволно место за сончање и огромна маса за јадење, а јахтата дури има и винарска визба.
TV
Прв пат запловува во 2008 година , благодарение на германската компанија Lürssen Yachts, во комбинација со исклучителни изгледи кои ги вметнал архитектот Еспен Оеино и грациозен ентериер дело на покојниот дизајнер Алберто Пино. Јахтата има голем спа центар со турска бања, фитнес, џакузи и базен.
Vajoliroja
Оваа јахта е во сопственост на актерот Џони Деп. Изградена е во 2001 година со седиште во Истанбул, а е обновена во 2008 година. Името на јахтата е акроним од првото име на Деп, оние на неговите две деца Лили Роуз и Џек и на неговата поранешна партнерка Ванеса.
Hemisphere
Изградена е во 2011 година од британската компанија Pendennis Shipyard Hemisphere. Во дизајнот Hemisphere јахтата се користат 18 различни вида кожи, меѓу кои крокодилска и шагренова кожа.