Да патуваш – она чувство на слобода што ги исполнува белите дробови секој пат кога ќе земеме воздух, уживајќи во патот или во глетката пред себе. Уште една од авантурите во нашите животи, кои почнуваат од едно место и никогаш не завршуваат таму каде што си замислуваме – токму како во љубовта.
Следните неколку цитати кои ќе ве потсетат зошто го сакаме патувањето толку многу и која смисла ја има за нас секое едно патување, во кое се впуштаме.
Убаво е да знаеш кога доаѓа крајот на едно патување , но значење има само доживувањето. – Урсула Ле Гуин
Патувај толку многу далеку – толку колку што е потребно за да се најдеш себе.
– Дејвид Мичел
Патувањето е како бракот – ќе згрешиш ако мислиш дека го контролираш.
– Џон Стајнбек
Секој од стотиците илјади градови во светот си има свое зајдисонце – вреди барем еднаш да го видиш.
– Мураками
Патуваме, за да најдеме нови места, нови животи и нови лица.
– Анаис Нин
За да ја пронајдеме убавината ние треба да ја носиме со себе, или никогаш нема да ја најдеме.
– Ралф Емерсон
Со секој нареден километар – светот се менува!
– Роберто Болано
Вистинскиот патник не остава траги.
– Лао Цу
Кога ќе се посветиш целосно на местата кои ги посетуваш, тие ти возвраќаат со истото.
– Ребека Солнит
Мислам дека сите ние патуваме, за да се бараме и пронајдеме себе, кога ќе се вратиме дома.
– Адичие