Имате работа? Одлично! Сега треба да се потрудите да ја зачувате, т.е. да не правите нешта кои можат да ви заработат отказ. Следи листата на десетте најважни нешта што треба да се избегнуваат во канцеларија.
Имате работа? Одлично! Сега треба да се потрудите да ја зачувате, т.е. да не правите нешта кои можат да ви заработат отказ. Следи листата на десетте најважни нешта што треба да се избегнуваат во канцеларија.
1. Не станувајте канцеларискиот Муртенко!
Никој не сака негативци, особено не во канцеларија. И иако на „Штрумфови“ е симпатично да гледате лик кој мрази сè, не е толку интересно да слушате негодувања додека се обидувате да работите.
2. Не загревајте риба во микробранова!
Во некои канцеларии има правил за храна која не смее да се внесува (како туна). Ако во канцеларијата имате микробранова, таа сигурно не е за загревање риби. Канцеларијата не треба да мирисиа како кујна.
3. Не одете боси!
Едно е да ги соблечете чевлите под бирото на неколку минути за да ги релаксирате стапалата, но сосема друго е шетањето низ канцеларија боси. Одвратно!
4. Не ставајте песни од Риана како ринг-тон!
Наместете го телефонот на вибрации. Никој не сака по 100 пати во денот да слуша одвратни делови од песни кои како црв ви заглавуваат во главата и потоа не можете да се отарасите од нив.
5. Зачувајте некое смајли и за себе!
На страна фактот што некои луѓе премногу се смеат, но нештата стануваат неподносливи кога ќе започнат да ставаат смајли како скрин сејвери, да цртаат смајлија на маргините од документи, па дури и да ги вклучуваат во личниот потпис.
6. Не се обидувајте да му станете најдобар пријател на шефот!
Луѓето кои стравуваат за своето работно место се обидуваат да се докажат со тоа што му се умилкуваат на шефот. Но, за жал, менаџментот обично ги знае овие трикови, а во процесот на „доближувањето“ ќе успеете да ги изнервирате сите свои колеги.
7. Не ги читајте мејловите на глас!
Никому, ама никому не му е смешно она што ви го напишало вашето дете во мејл. Или затоа што и самите имаат деца или затоа што воопшто не сакаат деца.
8. Не си правете маникир / педикир во текот на работното време!
Да, убаво прочитавте, забележани се случаи кога луѓе не ги сечеле само ноктите на рацете, туку и на нозете, кренати на бирото. Треба понатамошно објаснување?
9. Не крадете храна!
Ако некој си оставил нешто во фрижидерот во канцеларија, очекува и да го најде таму. Кражба е кражба, без разлика дали крадете пари или храна. А, во една канцеларија нема толку многу осомничени. Со тек на време ќе ве фатат.
10. Олабавете со турбо-фолкот!
Ако баш морате да слушате турбо-фолк, тркнете до некој од блиските пазари, извадете 200 денари од паричникот и купете си слушалки.