10 совети за остварување на моќен говор

speach-roundСите сме слушнале за статистиката која вели дека луѓето се плашат од јавно говорење повеќе од било што друго! Добрата вест е што ако се фокусирате на овие 10 совети, ќе бидете чекор поблиску до отстранување на тој страв и до остварување на говор кој ќе ја воодушеви вашата публика.

welcome_speech
Сите сме слушнале за статистиката која вели дека луѓето се плашат од јавно говорење повеќе од било што друго! Добрата вест е што ако се фокусирате на овие 10 совети, ќе бидете чекор поблиску до отстранување на тој страв и до остварување на говор кој ќе ја воодушеви вашата публика.
 

1. Скратете ја Вашата главна порака!

Идеално би било да скратите до 30 секунди за воведот. Како да го направите тоа? Каква и да е таа порака во неа треба да е содржана Вашата цел во однос на публиката. Ова е Вашата најважна порака. Напишете го првиот параграф без обрнување внимание на големината. Скратете го потоа. Кога го преставувате говорот, внимавајте да ја потенцирате пораката најмалку три пати, и тоа, на почеток, на средината и најважно на крајот!
 
2. Имајте 3 главни цели!
Иако имате повеќе идеи, пробајте да ги категоризирате во 3 главни цели кои би се поврзале во главната порака. Вашата публика нека дознае дека говорите за тие 3 главни цели уште на почетокот. Ова ќе им помогне во пратењето, особено ако не користите визуелни помагала.
 
3. Употребувајте ги само најмоќните податоци и факти!

Како што ја подготвивте главната порака, соберете ги сите податоци кои сакате да ги употребите во Вашиот говор. Потоа анализирајте ги сите и обидете се да ги скратите и употребите оние кои водат кон Вашите 3 главни цели! Запомнете, помалку значи повеќе!!!
 

4. Визуелни помагала!

Употребувајте Powerpoint презентација секогаш кога можете. Користете помалку зборови кога тие можат да бидат заменети со слика или табела!
 

5. Користете картички-потсетници!

Ако Ви се потребни, користете картички-потсетници на кои ги имате само најбитните факти поврзани со главната тема. Читајќи од сценарио најверојатно нема да ја задржи Вашата публика!
Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
 

6. Вежбајте!

Ги користите премногу Вашите раце за време на говор? Во  ред, не сте единствени. Многупати ненамерно почнувате со мафтање на рацете и се каете сто не сте се подготвиле подобро? Токму така, ВЕЖБАЈТЕ! Целта не е да го преставите вашиот говор идентично како што е напишан! Целта е да можете да ја меморирате главната нота на Вашиот говор, да звучите прородно и да се чувствувате релаксирано за време на презентацијата. Вежбајте го Вашиот говор најмалку 5 пати, од кој барем еднаш ќе го снимите. Ова ќе ви помогне во поправањето на грешките.
 

7. Отстранете ја тремата!

Пред да започнете со говорење, остранете ја нервозната енергија и зголемете ја вербата во себе со некои физички вежби. Потскокнувајте. Раширете ги и подигнете ги рацете. Џогирајте низ соседтвото слушајќи музика. Застанете 5 минути пред вашиот говор и накратко разгледајте ги Вашите белешки.
 

8. Охрабрете се!

Пред да стапнете на сцената, охрабрете се!
Кажете си: "Ќе остварам моќен говор денес. Луѓето ќе ја разберат мојата моќна порака, и ќе бидат инспирирани да преземат некаква акција. И ќе се забавувам додека го правам ова! Едвај чекам!!!"
 

9. Насмевнете се и Забавувајте се!

Важно е да ви биде забавно додека презентирате говор. Што е најлошото што би можело да Ви се случи? Може да паднете, кивнете, да губите здив додека говорите итн… Но, на кого му е важно сето ова? Ако се случи нешто такво, продолжете со насмевката, и пробајте да ја насмеете и Вашата публика. Но потоа продолжете. Како и лизгачите на мраз, од кога ќе паднете, само станете и продолжете понатаму.
 

10. Кога не можете да се насмевнете…

Во ред, кога не можете да се насмевнете и треба да презентирате некој сериозен и возвишен говор, тогаш пробајте да го најдете вистинскиот тон, и моменти пред говорот затворете ги очите, визуализирајте како би сакале да изгледате и звучите. Визуализацијата е моќна форма на вежбање!
 
 
- Реклама -