10 совети за приоѓање на слободни девојки

ДевојкаМногу често, првичниот контакт се покажува како најтешкиот дел од романтичните приказни. Токму затоа, следуваат 10 совети како полесно да им пријдете на девојките.

Многу често, првичниот контакт се покажува како најтешкиот дел од романтичните приказни. Токму затоа, следуваат 10 совети како полесно да им пријдете на девојките.

Девојка1. Направете некоја забелешка за околината. Искоментирајте за нешто што ве опкружува таму каде што се наоѓате. Поставете прашање, на пр. ако се наоѓате во супермаркет, прашајте каде се наоѓа нешто или дали некој производ е добар и сл. Доколку постои хемија меѓу вас, нештата ќе бидат многу полесни оттаму.

2. Насмевнете се.
Вашата насмевка ќе ѝ испрати сигнал дека сте пријателски расположен и што е уште поважно, самоуверен. А веројатно ќе ве направи и вас да се чувствувате подобро.

3. Не двоумете се.
Ако покажете двоумење, тогаш покажувате недостиг на самодоверба и тоа веднаш ќе ви го поткопа планот. Таа ќе знае дека или немате храброст или дека недоволно ви се допаѓа. Затоа, пристапете веднаш и кажете го она што имате да го кажете.

4. Внимавајте на говорот на телото.
Ако пристапите згрбавени и со наведната глава, тоа нема да каже многу добри работи за вас. Одете исправено, со подигната глава и цврст, но не крут чекор.

5. Не приоѓајте пребрзо.
Ако пријдете пребрзо, девојката може да се исплаши. Приодот треба да е бавен и одмерен, за да може да се почувствува сигурно.

6. Одржувајте контакт со очите.
Не го тргајте погледот од нејзините очи додека приоѓате. На тој начин ќе знае зошто ѝ приоѓате и дека имате цврста намера. Многу важно – не зјапајте во деколтето!

7. Слушајте внимателно.
Чујте го она што ќе ви го каже. Бидете таму за разговорот и вклучете со во него! Ако сте отсутни, тогаш ќе заклучи дека ја гледате како парче месо, а не како личност и… се наѕира крајот на приказната.

8. Не се подместувајте постојано.
Штом ќе го започнете разговорот, немојте да започнете со постојано подместување и преместување. Ваквото однесување покажува неудобност. Ако вие сте неудобни и таа ќе биде неудобна и повторно, крај на приказната.

9. Употребете го гласот како оружје.
Тонот на вашиот глас е моќно оружје. Прилагодете го тонот секогаш според она што го зборувате. На пр. ако ѝ пристапете на непозната девојка со шега, тогаш почнете ја со сериозен тон, за потоа да ѝ кажете дека сте се шегувале со поопуштен и малку повишен тон, што сигурно ќе придонесе таа да се насмее.

10. Не навалувајте се премногу кон неа.
Многумина кога зборуваат со девојки се навалуваат премногу кон нив. Тоа на девојките им создава чувство на гушење, на губење на просторот и на крајот – неудобност. Останете исправени или на моменти навалете се и малку наназад. Тоа ќе ѝ каже дека сте сигурни во себе, удобно ви е и што е најважно – го почитувате нејзиниот личен простор.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -