Bugatti Veyron 16.4 е најмоќната, најскапата и најбрзата кола од сериско производство во светот со докажана максимална брзина од 407км/ч. Името го добила по легендарниот возач Пјер Вејрон, кој победи на трката Ле Ман во 1939 година. Според Volkswagen, моторот произведува од 1020 до 1040 коњски сили.
Bugatti Veyron $1,700,000
Bugatti Veyron 16.4 е најмоќната, најскапата и најбрзата кола од сериско производство во светот со докажана максимална брзина од 407км/ч. Оваа кола почна да ја произведува Volkswagen AG и Bugatti Automobiles SAS во 2005 година. Името го добила по легендарниот возач Пјер Вејрон, кој победи на трката Ле Ман во 1939 година. Вејронот поседува W16 мотор(16 цилиндри). Според Volkswagen, моторот произведува од 1020 до 1040 коњски сили.
Ferrari F60 $1,000,000
Ferrari F60 e 12 цилиндарска Ферари суперкола. Направена е во 2003 со технологијата од Формула 1 и има каросерија од карбонски влакна, Ф1 секвенцијален менувач и керамички дискови. Аеродинамиката е истотака на завидно ниво. Со своите 775кг може да достигне 301км/ч, а задниот спојлер е управуван од компјутер при поголеми брзини.
Pagani Zonda C12 F $741,000
Zonda C12 F дебитираше на саемот во Женева во 2005 година. Таа користи 7.3L V12 мотор и произведува 641КС. Од 0-100км/ч потребни се само 3.2 секунди, а максималната брзина е 374км/ч.
Koenigsegg CCX $600,910
Koenigsegg CCX е најновата суперкола од Koenigsegg. CCX е кратенка за Competition Coupe X. Поседува 32-вентилски V8 мотор базиран на модуларната технологија на Форд, засилен со Ротрекс центрифугални суперполначи, така што моторот произведува 850КС.
Porsche Carrera GT $484,000
Porsche Carrera GT се произведува од Porsche во Германија. Carrera GT е опремена со комплетно нов 5.7 литарски V10 мотор кој продуцира 612КС. Од 0-100км/ч стигнува за 3.9 секунди и има максимална брзина од 330км/ч.
Mercedes SLR McLaren $455,500
Mercedes SLR McLaren е спортска кола изработена од DaimlerChrysler и McLaren Cars. Составена е во технолошкиот центар на Мекларен во Вокинг, Англија. Се претпоставува дека “SLR” стои за “Sportlich, Leicht, Rennsport” односно спортски, лесен, тркачки автомобил. Основната цена е $455,500. SLR има 5.5 литарски V8 мотор и произедува 626КС на 6500 вртежи во минута.
Maybach 62 $385,250
Концептот за Мајбах беше прикажан уште на саемот во Токио во 1997 година. Подоцна DaimlerChrysler се обиде да ја купи Rolls-Royce/Bentley марката, но не успеа поради упорноста на BMW и Volkswagen. Како директен предизвик, Мерцедес го претстави Мајбах во 2002. Моделите 57 и 62 се ултра луксузни автомобили со 5.5 литарски твин-турбо V12 мотор и генерираат 550КС.
Rolls-Royce Phantom $320,000
Rolls-Royce Phantom е луксузен салонски автомобил направен во 2003 година и е првиот модел на Ролс-Ројс создаден под водство на BMW. Поседува V12 мотор од 6.8 литри и 48 вентили што е еднакво на 453КС. Моторот е од палетата на BMW, а тежи 2485кг. Сепак каросеријата е направена од специјален алуминиум и тој до 100км/ч стигнува за 5.7 секунди.
Lamborghini Murciélago $279,900
Lamborghini Murciélago е дизајниран од Лук Донкерволке. Беше претставен во 2002 година како наследник на познатиот Diablo. LP640 верзијата беше презентирана на саемот за коли во Женева 2006. Поседува 6.5 литарски мотор кој генерира 640КС.
Aston Martin Vanquish $255,000
Aston Martin V12 Vanquish се произведува од страна на Астон Мартин уште од 2001. Неговата популарност нагло порасна кога беше претставен како официјалната кола на Џејмс Бонд во „Умри друг ден“. Придвижуван е од 5.9 литарски, 48 вентилски, V12 мотор кој произведува 460КС. Контролиран е од 6 брзинска полуавтоматска трансмисија.