100 милиони зрна сончоглед како уметничка инсталација

кинески уметникКинескиот уметник Аи Веивеи ја претставил својата најнова инсталација во Музејот на модерна и современа уметност Тејт во Лондон. Веивеи наполнил една од халите со 100 милиони зрна сончоглед. Но, секое од тие 100 милиони зрна всушност е детална реплика направена од порцелан.

Кинескиот уметник Аи Веивеи ја претставил својата најнова инсталација во Музејот на модерна и современа уметност Тејт во Лондон. Веивеи наполнил една од халите со 100 милиони зрна сончоглед. Но, секое од тие 100 милиони зрна всушност е детална реплика направена од порцелан.

сончогледВеивеи вели дека порцеланските зрна биле направени специјално за оваа инсталација во градот Јингдежен, Кина. За изработката на зрната илјадници луѓе работеле две години. Секое порцеланско зрно било обликувано, испечено на температура од 1300 степени целзиусови, рачно обоено а потоа повторно испечено на 800 степени целзиусови.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Уметникот додава дека делото ја претставува Културната Револуција. Шина Вагстаф, главниот куратор на музејот рекла: „Аи Веивеи има создадено навистина уникатно искуство за посетителите. Големината и квалитетот на изработката кој е постигнат кај секое мало совршено оформено зрно сончоглед е неверојатно.“

- Реклама -