Заев е сериозен проблем, не затоа што ја лаже јавноста, туку затоа што и ги урива планините од лаги по кои луѓето со децении се пентерат и уживаат во крајоликот на самоизмамата.
А стварноста ја распостила како вистина што оваа не може да ја поднесе.
Со една, безмалку, банална интонација која произлегува од неговата добронамерност и убеденост.
Добро, со елементи на потценување на моќта на лагата, односно со сериозна доза на наивност, па дури и инфантилност.
Благородни, во секој случај.
Како револуционерен елемент!
Да, да!
Врската на Заев со државата, нацијата и општеството ја одредуваат две работи: тој е единствената фигура која може да ја упристои оваа држава, правно, институционално и европски и по линија на тоа упристојување да ни извади карта за уште сто години историја.
Зошто е тој единствен, ќе прашаат будалите!?
Затоа што нема друг!
Десет години континуиран мандат.
Тоа е!
Оставете го човекот или умрете!
Што друго да ви кажам!
(Апологета, апологета сам ја, тим се дичим, хахаха)