11 навики што дебелеат

Повеќе... Еве еден здрав и природен начин да се справите со дебелината – сменете ги оние навики кои допринесуваат за зголемување на тежината. За оние што сеуште немаат такви проблеми – подобро е да се спречи, одошто да се лечи. Поголем дел од  „дебелечките“ навики во оваа листа најверојатно ви се познати, ама некои од нив ќе ве изненадат.


Еве еден здрав и природен начин да се справите со дебелината – сменете
ги оние навики кои допринесуваат за зголемување на тежината. За оние
што сеуште немаат такви проблеми – подобро е да се спречи, одошто да се
лечи. Поголем дел од  „дебелечките“ навики во оваа листа најверојатно ви
се познати, ама некои од нив ќе ве изненадат.

20071008_210_350x263.jpg1. Гледање телевизија
Долготрајното седење пред телевизор е речиси сигурен индикатор дека ќе се здебелите. Неодамешното истражување покажа дека луѓето кои гледаат телевизија по два часа на ден се повеќе склони кон дебелеење одошто оние кои тоа го прават само по половина час дневно. Кога гледате телевизија вие сте практично неподвижни. Отчукувањето на срцето, крвниот притисок и метаболизмот се намалени што резултира со губење само на 20 до 30 калории на час. Истражувањето направено на Харвард Универзитетот покажа дека постои поврзаност помеѓу количината на храната што ја внесуваат децата со времетраењето на останувањето пред телевизор.

2. Брзо јадење
Ова е честа навика во современиот забрзан начин на живеење. Со брзото јадење вие јадете повеќе одошто ви е потребно без да бидете свесни за тоа. На мозокот му е потребно околу 15-20 минути за да ги забележи знаците на заситеност. Научниците претпоставуваат дека јадењето брзо е ризичен фактор за метаболичкиот синдром, комбинација на симптоми како што се висок крвен притисок, дебелеење, висок холестерол и резистенција на инсулин.

3. Јадење за време на други активности
Ако често јадете или грицкате нешто пред компјутер, додека возите, гледате телевизија или за време на друга некоја активност ваквиот стил на живот ги зголемува шансите за зголемување на тежината.

fastfood.jpg4. Често конзумиране брза храна
Една од најголемите причини зошто прекумерната тежина станува голем проблем овие денови е што луѓето немаат доволно време за да подготвуваат здрава храна дома. Брзата храна е позната по големата количина на заситени масти и мало количество на влакна што допринесува за зголемување на тежината.

5. Емоционална глад
Понекогаш јадеме не затоа што сме навистина гладни, но за да се справиме со некои чувства. Најчесто тоа е храна која ни нуди некаква „утеха“, како чоколадо или некој друг вид на „junk food“, кога сме депресивни, анксиозни или осамени. Експертите пресметаа дека 75% од прекумерното јадење е предизвикано од некаква емоција. Колку пати сте се нашле во ситуација да ви се јаде нешто или само да грицкате нешто, а не сте всушност гладни?

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

6. Премногу зафатени за да вежбате
Со сите обврски на вашиот список, вежбањето секогаш доаѓа на последното место. Ако е тоа така – не сте сами во тоа. За несреќа покрај многубројните обврски, седењето пред компјутер или пред телевизор и заморот на крајот од денот, вежбањето често се занемарува.

friends.jpg7. Вашите пријатели ве прават дебели?
Една студија направена во 2007 година сугерира дека дебелината е социјално пренослива. Истражувањето направено врз 12.000 луѓе на возраст над 32 години покажало дека оние со дебел пријател, сопруг/а или момче/девојка имаат зголемен ризик за прекумерна тежина од 37 до 57%.

8. Неспиење
Неспиењето може да го зголеми ризикот од дебелеење со тоа што го стимулира грелинот (хормон што го стимулира апетитот) и го намалува лептинот (хормон што го стабилизира апетитот). Студијата направена на бристолскиот универзитет во Велика Британија откри дека во споредба со осум часа спиење, секој еден час неспиење е поврзан со речиси 3% повеќе телесни масти.

9. Прескокнување оброци
Истражувачите покажаа дека луѓето кои редовно појадуваат се помалку склони кон дебелеење и дека појадокот им помага на оние кои ослабеле да ја одржат тежината. Според Denise Bruner, специјалист за проблеми со прекумерната тежина, прескокнувањето на оброците резултира со постојана глад.

scales.jpg10. Неудобна облека
Истражувачите од универзитетот во Висконсин открија дека носењето неформална и удобна облека на работното место резултира со зголемена физичка активност. Конкретно, учесниците во истражувањето потрошиле 25 додатни калории повеќе на денот кога носеле удобна облека, одошто тогаш кога биле формално облечени,  и со поголемо изодено растојание тој ден. Така, со носењето удобна облека секој ден во текот на 50 недели на работното место би се потрошиле 125 калории неделно и 6.250 годишно.

11. Досада
Истражувањето направено од Приори групата во Англија покажа дека повеќето луѓе јадат многу кога им е досадно или кога се нервозни.

- Реклама -